Мирната рака на Батлер му донесе трилер победа на Чикаго во последната секунда (Видео)

jimi-batler

Чикаго дојде до драматична победа против екипата на Бостон во исклучително израмнетиот дуел кој се одигра во „Јунајтед центарот“, а најзаслужен за тоа е Џими Батлер кој имаше мирна рака во последната секунда кога на двапати погоди од линијата за слободни фрлања.

Големата ѕвезда на „биковите“ ги погоди двата „пенали“ за 104:103 и на тој начин предизвика ерупција од радост меѓу верните фанови на Чикаго кои присуствуваа на навистина неизвесна трилер завршница. Токму Батлер беше најдобар поентер во редовите на Чикаго со 29 поени и 7 асистенции, а интересно, комплетно идентичен учинок во поени и асистенции имаше и најдобриот играч на гостите, Ајзеа Томас.

На вториот меч кој се одигра изминатава ноќ во НБА, Вашингтон уверливо славеше на гостувањето кај Индијана со 111:98, пред се поради тоа што целата стартна петорка на „волшебниците“ го заврши мечот со двоцифрен број на поени. Џон Вол запиша дабл-дабл со 20 поени и 12 асистенции, а фантастични беа и Морис со 21, односно Ото Портер кој беше најефикасен со 25 поени.

 

Facebook Коментари