Поврзете се со нас

Македонија

Металург договори двометраш од Германија

Објавено

на

Тимот на Металург по Бранко Канкараш и Момир Рниќ договори уште едно ново засилување за следната натпреварувачка кампања.

Имено поранешниот македонски шампион си подаде рака со српскиот интернационалец од редовите на Либек, 26-годишниот Никола Потиќ. Се работи за искусен ракометар кој е висок 203 сантиметри и дефинитивно ќе биде уште едно освежување или поточно играч кој ќе ја зголеми конкуренцијата во тимот кој го води Зоран Кастратовиќ.

Освен во Германија десниот бек има играно во својата Србија, Словенија, Хрватска и Шпанија.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни