Меси ја прослави бравурата против Билбао испраќајќи фотографија од соблекувалната со вклучена порака до фановите (Фото)

mesi-pozdrav

Лионел Меси ги почести фудбалските фанови со ново ремек-дело од слободен удар, но ако она пред неколку дена беше доволно само за бод против Вилјареал, бравурата од изминатава ноќ и донесе значајна победа на Барселона и пласман во четвртфиналето во купот.

Аргентинецот со милиметарски прецизен удар го измами Ираизоз и го погоди аголот кој всушност тој требаше да го брани, мајсторија со која предизвика голема еуфорија на „Камп Ноу“ и славје меѓу фановите кои по натпреварот добија и порака од Меси.

Лео испрати фотографија од соблекувалната на „Камп Ноу“, а со истата проследи и јасна порака до верните фанови на Барселона.

– Со голем труд и желба успеавме да направиме пресврт во оваа нокаут рунда. Продолжуваме да работиме од ден за ден со цел остварување на зацртаните цели, – гласи пораката која ја испрати Меси до своите следбеници на Фејсбук.

Facebook Коментари