Менди не играше, но заработи критики од Џерард

gerrard1

Стивен Џерард го критикуваше Бенжамин Менди, новото засилување на Манчестер Сити и фудбалер кој денеска не настапи против Брајтон поради повреда.

Легендата на Ливерпул работи како стручен коментатор во телевизијата „БТ Спорт“, а причина што јавно го прозва Французинот е неговиот твит во кој се потсмеваше со автоголот на Брајтон со кој Манчестер Сити поведе со 2:0.

– Не гледам дека има потреба за вакво нешто. Има доволно натпревари сезонава и Менди многу лесно може да направи грешка, па ќе биде на удар на навивачите и медиумите. Сити победи заслужено, но за мене ова е низок удар, – потенцирал Џерард.

Facebook Коментари