Марадона жестоко го нападна Икарди: За него нема место во аргентинската репрезентација

mauro-kaljari

Диего Марадона остро го нападна сонародникот Мауро Икарди, за кого е познато дека аргентинската легенда нема високо мислење.

Марадона вели дека напаѓачот на Интер би бил седми избор во националниот тим..

– Икради треба да биде изоставен од репрезентацијата. Пред Икарди би го повикал и Базан Вера. Икарди не треба да биде четврти избор, туку седми избор – изјави Марадона за аргентинските медиуми.

Сепак, Икарди игра во одлична форма во Интер и има постигнато 68 гола на 129 настапи, а сезонава е прв стрелец во Серија А со 14 погодоци.

 

И покрај тоа, Икарди досега има само еден настап за Аргентина.

Facebook Коментари