Македонски политичар со идеја за сместување на навивачите за натпреварот меѓу Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед

uefa-super-cup-dark

Во пресрет на натпреварот од СуперКупот помеѓу Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед, покрај лавината коментари и реакции по социјалните мрежи за високите цени за сместуваање, македонскиот политичар Павле Трајанов излезе со идеја околу сместувањето на навивачите во главниот град. Тој потенцира дека Скопје мора да се покаже добар домаќин и да ја покаже гостопримливоста и Владата на РМ под која надлежност се студентските домови, да ги отвори за сместување на навивачите.

– Во хотелите во Скопје нема да има место да се сместат сите навивачи кои ќе дојдат да го проследат натпреварот. Јас  предлагам да се отворат студентските домови во Скопје во кои би можеле да се сместат неколку илјади гости. Сместувањето да биде бесплатно или пак 10 евра од кревет, само да послужат на покривање на трошоци – дециден Трајанов.

Колку за потсетување, шпанска „Марка“ пред неколку денови реши да ја скенира целата ситуација околу културниот живот во Скопје и сместувањето и цените за време на Суперкупот во август оваа година. Тие дошле до фрапантни резултати кога виделе колку се издаваат скопските апартмани и по колку пари се наплаќа соба во центарот на градот. Сума од 2 илјади евра се наплаќала за приватни апартмани за продолжен викенд од три дена, а поинтересно е дека реалната цена била од 60 до 100 евра. Поефтино било само во хостел со сума од 100 евра за ден, а пак реалната цена за хостел изнесувала околу 20 евра по ден.

Facebook Коментари