Поврзете се со нас

Репрезентација

Македонија ја задржа својата позиција на најновата ФИФА ранг листа

Објавено

на

Фудбалската репрезентација на Македонија ја задржа својата позиција на најновата ранг листа која ја објави Светската фудбалска федерација (ФИФА).

Нашиот национален тим има вкупно 1362 поени со што е доволна за 65. место на светот или поточно во моментов сме во „сендвич“ меѓу Хондурас и селекцијата на Албанија. Да посетиме ние во овој месец ја победивме Грузија и со тоа обезбедивме историски пласман на Европското првенство за да потоа ја добиеме Естонија и загубиме од Ерменија во завршницата од второто издание на Лигата на нации.

Кога се во прашање нашите ривали за ЕП, најдобро стои Холандија на 14 позиција, Австрија го зазема 23. место, додека Украина е 25 светска фудбалска сила.

Врвот пак резервиран е за Белгија која води пред Франција, Бразил, Англија и Портигалија која ја заокружува првата петка.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни