Македонија го надигра Косово за прва победа во претквалификациите за СП

Stojanovski-Kosovo

Македонската кошаркарска репрезентација го совлада Косово со 87:74 во предквалификациите за Светското првенство во 2019 година, со што останува во игра за место кое води во следната квалификациска фаза.

Гостите доминираа во првото полувреме во кое постојано водеа, но на пауза заминаа со минимална предност од 41:40, за од почетокот на третиот период да започне серијата на македонските репрезентативци кои до крајот го диктираа темпото и заслужено победија со 87:74.

За нашата репрезентација ова е прва победа во групата, а води Естонија која досега има две победи, a за нас е важно што имаме подобар скор во меѓусебниот дуел со Косово.

Теодор беше најдобар стрелец со 24 поени, а го следеа Костоски со 16 и Стојановски со 14 поени.

Makedonija Vs Kosovo

Facebook Коментари