Лампард го именуваше играчот за кој Челси ќе зажали што го продал

frank_lampard

Легендата на Челси Френк Лампард го искоментира поразот на актуелниот шампион од Барнли на стартот од новата сезона во Премиер лигата и кажа дека Антонио Конте има потреба од поголем тим.

Лампард не е задоволен од трансфер политиката на неговиот поранешен клуб летово и го посочи Натаниел Чалоба како играч кој управата не смеела да го пушти да си замине.

– Луѓето зборуваат за младите играчи и за оние кои ги испратија на позајмица, но тие не се ни блиску до првиот тим. Сум ги гледал, добро се развиваат, но се уште не се спремни да направат разлика во првиот тим. Со Чалоба беше направена голема грешка. Си замина евтино и не сум сигурен што навистина се случи – изјави Лампард по поразот од 3:2 на „Стемфорд Бриџ“.

Чалоба летово беше продаден во Вотфорд за 5 милиони фунти.

 

Facebook Коментари