Каква легенда: Милер изрежира урнебесна сцена со својот пасош и стана хит во Германија (Видео)

tomas-miler-pokazuva

Томас Милер без никаква конкуренција е најзабавниот и најотакчен фудбалер во редовите на Баерн Минхен, а ваквиот епитет го оправда и со последниот свој потег кој наиде на големо внимание меѓу германските медиуми.

Играчот на Баерн овојпат смисли уникатен начин да избегне новинарски прашања на аеродромот, препарвајќи се дека разговара на својот мобилен телефон додека во својата рака го држеше пасошот. Ова успеаја да го забележат дел од присутните, но најважно е тоа што Милер изнуди само насмевки, но не и прашања што во ситуацијата му беше главна цел.

Facebook Коментари