Јотовски запрен во полуфиналето во двојки во Анталија

jotovski tunis

Македонскиот тенисер, Томислав Јотовски не успеа да ја мине претпоследната пречка во игра на двојки на ИТФ фјучерсот во Анталија, Турција кој се игра за награден фонд од 15.000 американски долари.

Во полуфиналната рунда, на теренот број 4 Томи и Вадим Алексенко (Украина) загубија од домашната комбинација, Алтуг Челикбилек и Сарп Агабигун со 2-0 во сетови.

Првиот сет донесе голема борба и третите носители слава дури во тај-брејкот со 7-4, додека пак вториот беше сосема спротивен и заврши со 6-0 за турските тенисери.

Facebook Коментари