Историска победа за Лина: Ѓорческа започна со триумф на Австралија Опен

lina-radost

Најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорческа, успеа да го мине првото коло во квалификациите за тенискиот грен-слем Австралија Опен, постигнувајќи ја со тоа првата својата победа на еден грен-слем турнир.

Ѓорческа ја совлада фаворизираната Американка Саша Викери која беше 18. носителка во квалификациите и тоа со резултат 2:1 во сетови, со што ја оствари и првата победа за македонска тенисерка на грен-слем турнир.

Македонката го доби првиот сет со 6:2, Викери одговори со израмнување со 6:3, а во третиот решавачки сет Лина беше подобра со 6:3 за конечна голема победа и пласман во второто коло на турнирот во Мелбурн.

Следна противничка на Лина ќе и биде Унгарката Далма Галфи која се наоѓа на 162 место на ВТА ранкингот.

Facebook Коментари