Исклучително важен потег: Лекиќ ја продолжи соработката со ЖРК Вардар

andre-lekic

ЖРК Вардар во текот на вчерашниот ден официјално соопшти дека се продолжение договорите на Татјана Хмирова, Андреа Кликовац и Барбара Лазовиќ, а ова попладне дојде на ред да ја потврди веста која ја очекуваа сите големи симпатизери на македонскиот женски ракометен првак.

Вардар преку својот официјален веб-сајт инфомираше дека Андреа Лекиќ ставила потпис на нов двегодишен договор со клубот, што во превод значи дека една од најважните лидерки на тимот останува да го предводи проектот кој има навистина големи цели, што само беше потврдено со ангажманот на Цвијиќ пред извесно време.

– Она што е добро и квалитетно Вардар сака да го има во своите редови. Лекиќ е играч од светска класа која во Вардар покажува одлични партии и ние сакаме таа да биде дел од нашата приказна и во иднина. Заедно да го освоиме европскиот врв и да ја исполниме клупската цел. Лекиќ е дел од самиот почеток на Вардар кога тргнавме во создавање на европски бренд, и сега сме на чекор до она што ни беше задача. Веруваме дека соработката меѓу Вардар и Лекиќ и во иднина ќе биде плодна и полна со успеси, – порача Давор Стојаноски, извршниот директор на Вардар во изјавата за клупскиот сајт.

Facebook Коментари