Поврзете се со нас

АТП

АТП го објави официјалниот распоред за продолжението на тениската сезона (Фото)

Објавено

на

Панемијата со коронавирусот го парализираше цел спортски свет во месец март, вклучувајќи го и тенисот за кој се даваа најцрни прогнози кога е во прашање оваа година.

Голем дел од најдобрите играчи излегоа со изјави дека мали се шансите да се игра тенис оваа сезона, но очигледно така не размислуваат и во официјалната тениска асоцијација, која денеска излезе со официјална вест со која го објави новиот распоред.

АТП во соработка со УСТА (американската тениска асоцијација) го објави датумот кога тенисот се враќа на терените, со напомена дека на турнирите нема да има присуство на публика.

Возбудувањата треба да започнат на 14-ти август со одржување на турнирот во Вашингтон, а потоа на програмата следат Мастерсот во Синсинат и грен слемот Ју-Ес Опен, турнири кои ќе се одржат во Њујорк. Американскиот грен слем е закажан за 31-ви август, додека Синсинати ќе се одигра една недела претходно.

Во продолжение, планот е да се одигра и Мастерсот во Мадрид на 13-ти септември, оној во Рим една седмица подоцна, додека Ролан Гарос е закажан за 27-ми септември.

Ова е официјалниот распоред кој го објави АТП, а дали истиот ќе го испочитуваат и прифатат играчите во се уште сензитивната ситуација, останува само да видиме.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни