Поврзете се со нас

Англија

Саха брутален: Си замина едно од најголемите разочарувања во историјата на Јунајтед

Објавено

на

Foto:instagram.com/louissaha

Џејдон Санчо вчера го комплетираше заемот во Борусија Дортмунд и ќе игра во Германија до крајот на сезоната, трансфер кој веќе се најавуваше неколку дена и кој беше очекуван од страна на цела јавност.

Санчо пристигна на „Олд Трафорд“ како голема ѕвезда и требаше да биде лидер на проектот кој стартуваше летото 2021-ва година, но после неполни три години, англискиот репрезентативец влезе во агонија од која на крајот излезе со кам-бек на „Сигнал Идуна парк“.

Престојот на Џејдон во Манчестер не донесе добри епизоди, не само поради нарушениот однос со Тен Хаг последниве неколку месеци, туку и поради психичките проблеми кои ги имаше пред една година.

Тогаш Санчо доби неколкумесечна пауза за да се рехабилитира и целосно беше дистанциран од тимот, а сите овие случувања направија Луис Саха да донесе брутален заклучок за него.

– Џејдон Санчо е едно од најголемите трансфер промашувања и разочарувања во историјата на Манчестер Јунајтед. Не може да поседувате таков квалитет и од оставите се настрана поради начинот на кој размислувате. Единствената работа која треба да ве сопре во фудбалот се повредите. Со него не беше така.

– Сите знаеме дека е доволно добар за секој голем клуб, но тоа прави ситуацијата да биде уште полоша. Не може да се ставите во ситуација да бидете поголем од менаџерот. Како и да му оди во следниот чекор, јас нема да го поддржувам Санчо, а тоа ми паѓа тешко како фан на Јунајтед. Едноставно беше ужасен, – порачува Саха.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни