Derbi.mk

android baner

 

A+ A A-

Прибак: Конечно ми се оствари желбата

nemanjapribak

Новопечениот член на ракометната македонска репрезентација, Немања Прибак, го изразил своето задоволство што конечно стана дел од националниот тим, потенцирајќи дека имал таква желба и дека му е чест што ќе го носи црвено-жолтиот дрес.

- Од поодамна имав желба да играм во македонската репрезентација. Сепак, сега дојде тој момент, и навистина ми е чест што ќе настапам во дресот на Македонија, на престојното ЕП во Данска. Неколку пати разговарав со селекторот на репрезентацијата Ивица Обрван, и мислам дека донесов вистинска одлука. Сакам да помогнам Македонија да оствари добар резултат на ова континентално првенство, - вели Прибак во изјавата за официјалниот сајт на РК Вардар.
Во продолжение, тој напоменал дека очекува брза адапцијата во репрезентацијата поради фактот дека веќе четири години е во Македонија и неговиот квалитет и игра им е познат на голем дел од ракометарите.
- Сигурен сум дека тоа што веќе четири сезони настапувам за Вардар, ќе биде олеснителна околност за сите мои идни соиграчи од репрезентацијата. Мислам дека многу полесно ќе им биде на Стојанче Стоилов, Филип Лазаров, Филип Миркуловски, Наумче Мојсовски... да играат со мене, бидејќи тие знаат како јас функционирам на теренот. Македонија има многу квалитетни ракометари кои играат на врвно ниво во последните пет години, но сепак и ним им треба одмор на некои натпревари, бидејќи распоредот е многу густ, а знаеме дека во такви моменти е потребна “подолга клупа”. Се надевам дека со моето доаѓање, и доаѓањето на Ренато Вугринец тоа и ќе се оствари, односно голем дел од ракометарите ќе бидат порастоварени. Ја прифатив оваа работа, и се договорив да настапувам подолг временски период за македонската репрезентација. Селекторот Обрван го даде своето мислење, јас моето, и мислам дека ќе помогнам Македонија да оствари еден подолг континуитет на настапи на големите натпреварувања. Впрочем, тоа е и основната цел на оваа репрезентација, - изјавил средниот бек на „црвено-црните“.

Најново од Ракомет

pelarosa logo

 

BlokMAKS derbi 300x250px-01

 

SunWireless