Поврзете се со нас

Свет

Рели Дакар: Шпански мотоциклист почина една недела по кобната несреќа во Саудиска Арабија

Објавено

на

Фото: www.instagram.com/twintrailracingteam

Осум дена по кобниот пад за време на втората етапа, денеска е потврдена и првата жртва меѓу учесниците на годинешното издание на Рели Дакар.

Лекарите направиле се што можеле, но не успеале да го спасат животот на мотоциклистот Карлес Фалкон, кој доживеа тежок пад за време на етапата на 7. јануари и оттогаш беше во индуктивна кома.

Лекарскиот тим кој реагирал на местото на несреќата регистрирал дека Фалкон немал пулс, но следувала успешна реанимација, која остави надеж дека Шпанецот ќе може да се спаси и покрај сериозните повреди.

За жал, денеска неговиот тим „ТвинТрејл“ објави дека Фалкон починал, а како причина се наведени невролошките оштетувања кои биле последица на срцевиот удар по несреќата во Саудиска Арабија. За Шпанецот ова било второ учество на Рели Дакар.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни