Поврзете се со нас

Мото ГП

Мото ГП фановите го испратија Роси во пензија, Бањаја победи на трката во Валенсија

Објавено

на

Франческо Бањаја победи на последната трка од веќе завршената сезона во Мото ГП шампионатот, а неговиот триумф мина во сенка на одбележувањето на збогувањето на Валентино Роси со фановите на овој спорт.

Трката во Валенсија беше последна во успешната кариера на „Докторот“, кој зад себе има девет шампионски титули, а кој доби емотивно испраќање во пензија од фановите, но и своите ривали на патеката.

Роси на последната трка во кариерата го освои десеттото место, додека покрај Бањаја на победничкиот пиедестал се најдоа и Хорхе Мартин и Џек Милер, за доминација на Дукати меѓу најбрзите натпреварувачи во Шпанија.

Поени освоија уште и Мир, Квартараро, Зарко, Биндер, Бастијанини и А. Еспаргаро.

Титулата Мото ГП шампион уште претходно си ја обезбеди Французинот Фабио Квартараро на Јамаха.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни