Поврзете се со нас

Македонија

Автомобилистичката Федерација со жалење ја потврди трагичната несреќа во Пробиштип (Фото)

Објавено

на

Ридско брзинската трка во Пробиштип е дел од календарот на Автомобилистичката Федерација на Македонија, но денешните адреналински возбудувања во нашата земја однесоа една жртва, и тоа еден долгогодишен и познат работник во автомобилизмот.

По излетувањето на автомобил „Хонда Сивик“ на патеката во Пробиштип, Кире Андреевски кој имал улога на редар се здобил со тешки телесни повреди, па иако според информациите бил контактибилен по ударот, го загубил животот на пат кон болница.

Трагичната вест ја обои во црно оваа недела, 16-ти август, а доцна вечерва лошата вест ја потврди и АФМ.

– Автомобилистичка федерација на Македонија жали за немилиот настан кој се случи денес на ридско брзинскиот натпревар во Пробиштип.

– Го изгубивме нашиот долгогодишен член и врвен функционер Кире Андреевски.

– Изразуваме искрено жалење и сочувство до семејството. Почивај во мир Кире.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни