Поврзете се со нас

Франција

„Светците“ брзо ќе го заборават Мбапе: ПСЖ ќе донесе три големи имиња во летниот преоден рок

Објавено

на

foto:twitter.com/PSG_English

Пари Сен Жермен минатото лето остана без Лионел Меси и Нејмар, а пак ова лето по се изгледа ќе го загуби и Килијан Мбапе кој по истекот на договорот (30 јуни) ќе може без проблеми да се пресели во било која екипа без притоа да биде платено трансфер обештетување.

Ова секако значи дека „светците“ ќе мора да започнат нов проект или поточно да продолжат да го градат она што го започнаа пред оваа сезона со таа разлика сега ќе го нема Мбапе што не е мала работа со оглед на неговата клучна улога. Се очекува францускиот првак да биде супер активен на пазарот, па според италијанскиот новинар Фабрицио Романо планот е подготвен и ПСЖ ќе донесе најмалку три големи имиња во летниот трансфер прозорец.

Топ замена за Килијан во нападот, врвен играч од средината на теренот и талентиран централен дефанзивец. Многу имиња се споменуваат во медиумите, па дефинитивно ќе биде интересно да се види како ПСЖ ќе изледа во кампањата 2024/2025.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни