Поврзете се со нас

БИБЛ лига

БИБЛ лига: Заморот го направи своето, ТФТ настрада во Бугарија

Објавено

на

ТФТ имаше исцрпувачки меч против Вардар изминатиов викенд во домашното првенство, а тоа се одрази негативно на денешниот меч кој го играа во БИБЛ лигата каде убедливо загубија во Бугарија.

Избраниците на Боро Смилковски беа видно исцрпени и немаа сили да се носат со Берое, нешто што можеше да се заклучи уште во првите три минути по кои домаќините со создаде двоцифрена предност која беше најава за уверливата победа изразена со повеќе од 30 поени разлика.

Резултатот на полувремето беше 60:46 и беше јасно дека нашиот тим од Тафталиџе ќе мора да се надмине себеси за да направи пресврт, но откако домашниот тим стигна и до плус 35 во третата четвртина, стана јасно дека мечот е завршен.

На крајот, Берое победи со конечни 108:73, а македонскиот претставник за жал нема многу време за одмор, бидејќи во четврток треба да игра нов натпревар против Академик.

Берое со оваа победа ја презема првата позиција на табелата, додека ТФТ е петти пред Куманово со две победи во досегашниот тек на шампионатот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни