Поврзете се со нас

Репрезентација

Репрезентацијата до 15 години ќе учествува на турнир во Стара Пазова

Објавено

на

Младата женска репрезентација на Македонија до 15 години (фудбалерки родени 2008 година) во периодот од 23 до 29 август ќе учествуваат на УЕФА развоен турнир во Стара Пазова, Србија.

Противници на нашата млада женска селекција ќе бидат домаќинот Србија, Велс и Чиле.

Првиот дуел го играме против Велс на 24. август. Два дена подоцна силите ќе ги одмериме со репрезентацијата на Србија. Последниот меч го играме против Чиле на 29. август.

За претстојниот контролен турнир, селекторот Јовица Блажески ги повика  следните фудбалерки:

Михаела Марковска (Топ Гол), Александра Ристевска (Топ Гол), Јована Јованоска (Деспина), Тајна Грозданоска (Порече), Теона Галабовска (Тиверија), Ангела Блажева (Тиверија), Настасја Накова (Тиверија), Теодора Настова (Речица), Мелани Стаменковска (Каменица Саса), Меланија Грозданова (Скопје), Мила Панева (Скопје), Канита Емини (Скопје), Андреа Коловска (Скопје), Искра Смилевска (Скопје), Сара Атанасовска (Скопје), Мила Стојановска (Скопје), Ева Величковска (Скопје), Ања Петрушевска (Антонија Спиркоска (Зулте Варегем, Белгија), Миа Закев (ССК 1965);

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни