Поврзете се со нас

Лига Европа

Лига Европа: Брајтон ќе има „пеколно крштевање“ на стариот континент, група по мерка за Ливерпул (Фото)

Објавено

на

По вчерашната ждрепка во Лигата на шампионите, претставниците на УЕФА ја извлекоа и групната фаза во второто по ранг натпреварување на стариот континент, кое оваа сезона ќе брои двајца македонски претставници.

Мартин Мирчевски со ТСЦ и Филип Трпчевски со Хакен го дознаа распоредот на групите за новата сезона во Лигата на Европа, во која посебно внимание привлекува групата Б.

Брајтон како најголема сензација во Англија за првпат избори настап во европско натпреварување, а во Лигата на Европа ќе има пеколно „крштевање“ против два поранешни европски шампиони.

Англискиот премиерлигаш се најде во група со Ајакс и Олимпик Марсеј, а за четврти тим беше извлечен грчки АЕК. Од англиските клубови, Вест Хем како носител се најде во Групата А во која се Олимпијакос, Фрајбург и ТСЦ, што значи дека Мирчевски и соиграчите ќе имаат тешка задача.

Ливерпул доби група по мерка и се најде во друштво на ЛАСК, Унион Сен Жилоа и Тулуз, додека Хакен е во групата Х во која носител е Леверкузен, а ги има и Карабах и Молде.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни