Поврзете се со нас

Шпанија

Фудбал или одбојка: Голманот на Тенерифе направи несфатлива глупост, сеир му фаќа цела Шпанија (Видео)

Објавено

на

Во моменти кога во прв план се репрезентативните натпревари, во шпанската Сегунда се играше едно големо дерби меѓу стари ривали кои се познаваат 70 години, односно на програмата беше големото канарско дерби меѓу Лас Палмас и Тенерифе.

Двата најдобри тима од Канарските Острови имаа своја историја од 50-тите години на минатиот век, а сега како шпански второлигаши понудија еден тврд дерби дуел, кој на крајот беше решен со еден нестварен и несфатлив кикс каков што ретко се гледа во фудбалот.

Трагичар на фудбалскиот викенд во Шпанија беше Адријан Ортола, голманот на Тенерифе кој си постигна урнебесен автогол на стартот на вториот дел.

Чуварот на мрежата на гостинскиот тим сакаше да ја избоксува топката и да ја исфрли во нов корнер, но наместо тоа, си ја смести во сопствената мрежа и неговиот потег повеќе личеше на волеј смеш во одбојка, отколку на голманска реакција.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни