Илиев по пауза од две години се врати на голот на Арсенал: Не можам со зборови да опишам колку сум среќен

deni

Македонскиот голман, Дејан Илиев по пауза од две години се врати на терените и го одигра својот прв меч во дресот на Арсенал.

Талентираниот Илиев конечно ги остави повредите зад себе и застана да ја чува мрежата на резервниот тим на„топчиите“ на пресметката со Вотфорд. Фаворитот победи на дуелот (6-1), а Илиев по средбата не го криеше задоволството што одново е на зелените терени.

-По две години можам да кажам официјално се вратив, го одиграв првиот меч со Ватфорд. Не можам со зборови да опишам колку сум среќен и радост што повторно сум со тимот, со нетрпение ја очекувам претстојната сезона, -напиша Илиев на социјалните мрежи.

Facebook Коментари