Гвардиола со совет до Луис Енрике и играчите на Барселона по болниот пораз од ПСЖ

pep-press

Барселона претрпе навистина тежок и болен пораз од ПСЖ на гостувањето на „Паркот на принцовите“, но иако шансите за пласман во наредната рунда сега се повеќе од минимални, сепак еден од оние кои сметаат дека фудбалерите на Барса можат да направат пресврт во оваа тешка ситуација е Пеп Гвардиола.

Актуелниот менаџер на Манчестер Сити е навистина изненаден од катастрофалното лошо издание во кое се прикажаа фудбалерите на каталонскиот гигант, но сепак испрати еден совет до Луис Енрике и играчите на овој тим во врска со повратниот дуел кој е закажан за 8-ми март.

– За мене, Барселона и натаму останува најдобар тим во светот. Секогаш е огромно изненадување кога ќе загуби, а особено кога ќе загуби на начин каков што загуби од ПСЖ. Мора да го пофалиме ПСЖ, играчите на овој тим се прикажаа феноменално, но сепак ќе кажам дека тоа беше многу лоша ноќ на Барселона. Ако има некој тим кој може да се извлече од оваа ситуација, тоа е Барселона. Мојот совет до нив е да веруваат во пресвртот, да веруваат во фудбалот кој ги однесе на врвот во изминативе десетина години. Критики не се потребни, многу брзо јавноста ќе добие демант од истите овие фудбалери, – порачал Пеп на денешното обраќање пред англиските новинари.

 

Facebook Коментари