Грујиќ му испрати срдечна порака на Бубунски за заминувањето од Звезда

david-babunski

Со своето емотивно обраќање до фановите, Давид Бабунски и официјално потврди дека постигна договор со Црвена Звезда за прекин на меѓусебната соработка, а ваквиот потег на талентираниот македонски фудбалер наиде на доста позитивни коментари во јавноста со оглед на тоа што не му беше дозволено да напави прогрес во кариерата под водство на тренерот Божовиќ.

Популарниот „Гроф“ едноставно го исфрли нашиот играч за врска од сите свои планови, па иако во неколку наврати самиот потенцираше дека ќе му даде вистинска шанса, тоа никогаш не се случи. Бабунски на крајот донесе конечна и правилна одлука да ја напушти Звезда, а овој негов потег го охрабри и Марко Грујиќ.

Бабунски беше доведен во Звезда со цел да го замени српскиот везен играч, а со оглед на тоа што минаа една полусезона заедно, фудбалерот на Ливерпул сега му испрати емотивна и срдечна порака на македонскиот фудбалер.

– Браво брате, секоја чест! Ми беше големо задоволство да тренирам со тебе, можеше да се научи многу од заедничкото време. Каде и да ја продолжиш кариерата, сигуен сум дека ќе го покажеш својот екстра талент кој го поседуваш. За жал у Звезда немаше можност… Многу среќа, – му порача Грујиќ на Бабунски.

Facebook Коментари