Ѓорѓиев пристигна во Варшава, во првата изјава најави успешна сезона со ОНИКО (Видео)

nikola gjorgjiev odbojka vs danska 2016

Капитенот на македонската одбојкарска репрезентација, Никола Ѓорѓиев, денеска пристигна во Варшава каде во понеделник официјално ќе биде промовиран како нов член на полскиот прволигаш ОНИКО Варшава.

Лидерот на нашиот национален тим досега настапуваше за Раднички, Форли, Мили Пјанго, Парис Волеј и јапонски Тореј кој му беше последен клуб пред враќањето во Европа.

– Драго ми е што сум овде, со нетрпение го очекувам првиот тренинг во понеделник и можноста да се запознаам со новите соиграчи. Очекувам одлична сезона, – истакнал Ѓорѓиев по пристигнувањето во главниот град на Полска.

Facebook Коментари