Ѓорческа со пораз се прости од турнирот во Швајцарија

lina

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа која  е четврта носителка на турнирот во Киасо, Швајцарија го заврши настапот на овој турнир, овој пат од послабо пласираната , Катинка Фон Дајхман, која е 240 на WTA листата.

Таа иако имаше добар старт со победите во првото коло на тенисерката од Романија, Кристијана Дино со 2:0 (6:3 и 6:0)  и со победата во второто коло на Швајцарката Киара Грим со 2:0 (6:2 и 6:3), таа денес загуби од Катинка Фон Дајхман од Лихтештајн со резултат 1:2 во сетови.

Ѓорческа лошо го започна натпреварот и го изгуби првиот сет со 3:6 меѓутоа со фуриозен кам-бек од 6:0 успеа да изедначи на 1:1 во сетови.

Меѓутоа заморот успеа да ја престигне и на крај немаше сили за последниот сет и изгуби од Фон Дајхман со резултат 2:6 и во сетови 1:2 (3:6,6:0 и 2:6). За Ѓорческа, ова е трет пораз од Фон Дајхман.

Facebook Коментари