Фергусон: До ден денеска жалам за една моја одлука во финалето во 2008 година

fergi-titula

Сер Алекс Фергусон засекогаш ќе остане запаметен по неверојатните успеси кои ги оствари како менаџер на Манчестер Јунајтед, клуб во кој успеа да освои се што можеше да се освои, започнувајќи од Премиер лигата и англиските купови, завршувајќи со Лигата на шампионите и светските клупски титули.

Последната титула на Манчестер Јунајтед во Лигата на шампионите датира од времето кога Фергусон беше менаџер на тимот, односно од 2008 година кога „црвените ѓаволи“ во големото финале го победија Челси по пенал драмата во Москва.

Ферги и ден денеска е со свежи сеќавања на незаборавната ноќ во која неговиот тим успеа да се врати од загубена ситуација во пенал рулетот, но исто така потенцира дека не може да си прости за една одлука на тој натпревар.

– Освојувањето на Лигата на шампионите е нешто фантастично. Во 2008 имавме навистина силен состав, но имав еден проблем пред тој натпревар со Челси. До ден денеска уште жалам што го оставив Парк Џи Сунг надвор од составот за финалето. Тој имаше премногу важна улога на претходните натпревари и проблем ми беше што не најдов простор да го вклучам меѓу 18-мината. Ниту еден играч не заслужува да остане без финале. Токму поради тоа, на секој семинар на УЕФА предложувам да се воведе правилото за 11 замени на финален натпревар. Никој не заслужува да остане на трибините на таков меч, – изјави Фергусон.

 

Facebook Коментари