Фердинанд со совет за напаѓачот на Евертон: Лукаку треба да го следи мојот пример ако сака да освојува титули

EPA/PETER POWELLEPA/PETER POWELL

Иднината на Ромелу Лукаку е крајно неизвесна откако соопшти дека нема да потпише нов договор со Евертон, а неговиот агент потврди дека 99,9% е завршено со клубот.

За најдобриот стрелец во Премиер лигата се заинтересирани многу клубови, пред се, Манчестер Јунајтед и Челси. Поранешниот англиски репрезентативец Рио Фердинанд вели дека Лукаку треба да го следи неговиот пример, кога дефанзивецот премина од Лидс во Манчестер Јунајтед во 2002 година.

– Ја разбирам неговата желба да освојува титули. Јас бев во таква ситуација во Лидс. Игравме во Лигата на шампиони, но дали победувавме? Дали ја освоивме лигата? Не. Поентата на моето заминување од Лидс беше дека си одам за да ја освојам Премиер лигата. Многу просто – вели Фердинанд.

 

Facebook Коментари