Фени го згази Охрид за полуфинале во Купот на Македонија

feni-ohrid

Фени Индустри е втората екипа која го обезбеди полуфиналниот тикет во Купот на Македонија.

Клубот од Кавадарци во својот дом во салата „Јасмин“ лесно излезе со составот на АВ Охрид кого го победи со 112 – 69. Избраниците на Малинков во ниту еден момент немаа проблеми со противникот, беа подобри од него во сите четири периоди и сега опуштено го чекаат противникот за полуфиналето, а тоа ќе биде подобриот од пресметката меѓу МЗТ Скопје и Кожув.

Дури шестмина играчи кај домаќините дојдоа до двоцифрен број на кошеви, прв на листата беше Чешковиќ со 20 поени.

На другата страна симултантка имаше Брукс со 37 кошеви.

Да потсетиме Карпош Соколи исто така го очекуваат ривалот за полуфиналето, тоа ќе биде Куманово или Работнички.

Facebook Коментари