Федерер го задржа фасцинантниот ритам за ново Мастерс финале

federer-pozdrav

Рожер Федерер игра неверојатно добро оваа натпрерварувачка сезона, па само четири дена подоцна откако наполни 36 години, се пласираше во своето шесто големо финале во 2017 година.

По титулите на Австралија Опен, Индијан Велс, Мајами, Хале и Вимблдон, Федерер ќе се бори и за трофејот во Монтреал, турнир кој би го освоил за првпат во овој град бидејќи секоја година машките и женските турнири од Роџерс купот се селат од Монтреал во Торонто и обратно.

Федерер на двапати го има освоено Роџерс купот кога се одржувал во Торонто, но по денешната победа над Робин Хасе со 2:0 во сетови (6:4 и 7:6) ќе игра во ново финале во Монтреал по она со Новак Ѓоковиќ во 2007 година. За Швајцарецот, ова беше 16 последователна победа во низа која ја започна во првото коло во Хале, а негов противник во утрешното финале ќе биде подобриот од тинејџерскиот дуел меѓу суперталентираните Шаповалов и Зверев.

Facebook Коментари