Дибала се огласи за астрономската понуда на Реал: Посакувам само едно нешто

dibala-radost

Пауло Дибала постигна маестрален погодок на куп натпреварот против Аталанта кој Јувентус го доби со 3:2, но сепак неговата мајсторија остана во втор план поради силните шпекулации кои се појавија во шпаската спортска јавност во изминативе неколку дена.

Дел од влијателните медиуми на Пиринеите пренесоа дека Флорентино Перез веќе го има договорено талентираниот Аргентинец со неверојатна понуда вредна 105 милиони евра, но сега ваквите гласини сигурно ќе се смират одредено време откако самиот Дибала излезе со јасен демант по крајот на натпреварот.

– Нема никаква понуда, јас немам зборувано со никого за било каква понуда. Навистина сум многу среќен во Јувентус и мојот агент ќе пристигне тука во наредните неколку дена за да дискутира за продолжување на соработката, – изјавил Дибала за „Раи Спорт“, додавајќи дека сака да го следи чекорот на легендарниот играч на Јувентус, Алесандро Дел Пјеро.

– Сакам само едно нешто, сакам да ја имам кариерата кој тој ја имаше во овој клуб. Јас размислувам само за Јувентус, а на крајот одлуката паѓа кај мене. Тоа е најважното што треба да го знаат фановите, но и сите во јавноста, – додал Дибала јасно алудирајќи дека не планира да ја промени средината во блиска иднина.

Facebook Коментари