Да се наежите: Навивачите на Легија со спектакуларна кореографија одново се најдоа во центарот на вниманието (Видео)

legija

Навивачите на Легија секогаш знаат да се најдат во центарот на вниманието на светската јавност, а во тоа одново успеаа со помош на нивната корегорафија на мечот против Астана во третото квалификациско коло во Лигата на шампионите.

Тие потсетија на минатото на случувањата од минатиот век, односно со транспарент беше 73 годишнината од Варшавското востание со кое почнало ослободувањето на Полска од нацистите.

На кореографијата има нацистички војник со дете на кое му е вперен пиштол:

-За време на Варшавското востание Германците убија над 160.000 лица. Илјадници од нив беа деца, -стоеше во пораката.

Facebook Коментари