Човекот на одлука на „Сент Мери“: Требаше да му дадам четири голови на Ливерпул

nathan-redmond

Тимот на Саутемптон забележа победа над Ливерпул од 1-0 во првиот полуфинален натпревар во ЕФЛ Купот.

Автор на триумфот на „светците“ беше 22-годишниот Нејтан Редмонд кој ја затресе мрежата на гостите во 20 минута од натпреварот. Меѓутоа човекот на одлука не е задоволен од прикажаното, поточно жали што не ги искористи и останатите шанси и не обезбеди поголема позитива за својата екипа пред реваншот на „Енфилд Роуд“ на 25 овој месец.

-Требаше да дадам четири голови, во друга прилика тоа може да се случи. Ние победивме на првата средба, па сега останува да се подготвиме и за втората пресметка, -рече Редмонд притоа посочувајќи ги пропуштените шанси за кои најмногу жали.

-Првата и последната. При последната се обидов да бидам премногу паметен . Ќе ги земам во предвид овие грешки  и се надевам ќе се исправам на тренинг и на следниот натпревар. Имаме „чиста мрежа“ и победа во првиот меч и тоа ќе го однесеме на втората пресметка. Ова е заслуга на целата екипа, работевме напорно и тоа донесе резултат, -истакна асот на „Саутемптон“ за „Скај Спортс“.

Facebook Коментари