Фед куп Archives - Дерби https://derbi.mk/category/tenis/fed-kup/ Нема спорт без ДЕРБИ Sat, 24 Jun 2023 15:36:16 +0000 mk-MK hourly 1 https://derbi.mk/wp-content/uploads/2020/02/derbi-logo-fav-80x80.png Фед куп Archives - Дерби https://derbi.mk/category/tenis/fed-kup/ 32 32 Ѓорческа: Најважна беше победата над Финска, заслужено го освоивме првото место https://derbi.mk/gjorcheska-najvazhna-beshe-pobedata-nad-finska-zasluzheno-go-osvoivme-prvoto-mesto/ Sat, 24 Jun 2023 15:33:46 +0000 https://derbi.mk/?p=340557

Женската репрезентација на Македонија успеа да слави на турнирот во Скопје и со тоа да обезбеди пласман во Втората Евро-африканска зона од Били Џин Кинг Купот. Нашите тенисерки славеа над Ерменија со 2-1 во големото финале и тоа со пресврт кој го најави Лина Ѓорческа со триумфот во поединечна конкуренција за да потоа заедно во […]

The post Ѓорческа: Најважна беше победата над Финска, заслужено го освоивме првото место appeared first on Дерби.

]]>

Женската репрезентација на Македонија успеа да слави на турнирот во Скопје и со тоа да обезбеди пласман во Втората Евро-африканска зона од Били Џин Кинг Купот.

Нашите тенисерки славеа над Ерменија со 2-1 во големото финале и тоа со пресврт кој го најави Лина Ѓорческа со триумфот во поединечна конкуренција за да потоа заедно во комбинација со Магдалена Стоилковска слават над Ирена Мурадјан и Марина Давтјан и со тоа го комплетираат одличниот настап во Скопје.

-По победата над Финска знаев дека сме блиску до конечната победа, но требаше да се одиграат уште мечеви. Денеска пресуден беше мојот сингл, кој го добив без проблеми. Сметам дека сосема заслужено победивме во сите мечеви и го освоивме првото место, -порача Лина Ѓорческа.

-По ланскиот пораз во финалето од Португалија едноставно „сонував“ дека оваа година во Скопје ќе успееме и тоа се отствари. Тежок беше мојот сингл меч, но во дубл повторно одигравем на ниво, истакна пак Стоилковска.

Инаку по осум години во Третата зона од Били Џин Кинг Купот, нашата селекција направи исчекор и отиде ранг повисоко.

The post Ѓорческа: Најважна беше победата над Финска, заслужено го освоивме првото место appeared first on Дерби.

]]>
Тенисерките го добија финалето со Ерменија и ќе играат во пoвисок ранг во Били Џин Кинг Купот https://derbi.mk/teniserkite-go-dobija-finaleto-so-ermenija-i-kje-igraat-vo-povisok-rang-vo-bili-dzhin-king-kupot/ Sat, 24 Jun 2023 14:13:21 +0000 https://derbi.mk/?p=340548

Македонската тениска репрезентација славеше над Ерменија со 2-1 во финалето на Третата Европска зона од Били Џин Кинг Купот што се играше во Скопје. Избраничките на Лабудовиќ дојдоа до посакуваниот триумф со пресврт и на тој начин го комплетираа перфектниот настап на турнирот во нашата престолнина, турнир во кој ги надиграа Молдавија, Финска, Исланд, Албанија […]

The post Тенисерките го добија финалето со Ерменија и ќе играат во пoвисок ранг во Били Џин Кинг Купот appeared first on Дерби.

]]>

Македонската тениска репрезентација славеше над Ерменија со 2-1 во финалето на Третата Европска зона од Били Џин Кинг Купот што се играше во Скопје.

Избраничките на Лабудовиќ дојдоа до посакуваниот триумф со пресврт и на тој начин го комплетираа перфектниот настап на турнирот во нашата престолнина, турнир во кој ги надиграа Молдавија, Финска, Исланд, Албанија и Азербејџан за „шест од шест“ и пласман во Втората Евро-африканска зона.

Магделена Стоилковска го загуби првиот меч од Ирена Мурадјан со 2-1 во сетови (64 46 60), но потоа Лина Ѓорческа си поигра со Марина Давтјан (60 и 60) што значеше дека победникот ќе го реши дуелот во двојки.

Компинацијата Ѓорческа-Стоилковска славаше над Марина Давтјан и Ирена Мурадјан со 6-3 и 6-2 за конечен триумф на нашата селекција во оваа битка.

The post Тенисерките го добија финалето со Ерменија и ќе играат во пoвисок ранг во Били Џин Кинг Купот appeared first on Дерби.

]]>
Тенисерките со „пет од пет“ ја завршија првата фаза на „Били Џин Кинг Купот“ во Скопје https://derbi.mk/teniserkite-so-pet-od-pet-ja-zavrshija-prvata-faza-na-bili-dzhin-king-kupot-vo-skopje/ Fri, 23 Jun 2023 15:30:47 +0000 https://derbi.mk/?p=340438

Македонската женска репрезентација ја продолжи перфектната серија на Били Џин Кинг Купот што се игра во Скопје, односно против Молдавија дојде до „пет од пет“ во првата фаза во групата Б од Третата Европска зона. Нашата селекција славеше со 3-0, а поените ни ги донесоа Магдалена Стоилковска, Лина Ѓорческа и дубл-комбинацијата Ива Данева и Александра […]

The post Тенисерките со „пет од пет“ ја завршија првата фаза на „Били Џин Кинг Купот“ во Скопје appeared first on Дерби.

]]>

Македонската женска репрезентација ја продолжи перфектната серија на Били Џин Кинг Купот што се игра во Скопје, односно против Молдавија дојде до „пет од пет“ во првата фаза во групата Б од Третата Европска зона.

Нашата селекција славеше со 3-0, а поените ни ги донесоа Магдалена Стоилковска, Лина Ѓорческа и дубл-комбинацијата Ива Данева и Александра Симева.

Прво својата задача си ја одработи Стоилковска која беше подобра од Даниела Чобану, потоа Ѓорческа ја суреди Екатерина Висневскаја за да на крајот Данева и Симева ги ги надиграат Лиа Белибова и Арина Гамреткаја со 2-0 во сетови (63 и 75).

Противник на Македонија во утрешното финале ќе биде селекцијата на Ерменија која заврши на првата позиција во групата А.

The post Тенисерките со „пет од пет“ ја завршија првата фаза на „Били Џин Кинг Купот“ во Скопје appeared first on Дерби.

]]>
Тенисерките лесно го решија и Исланд https://derbi.mk/teniserkite-lesno-go-reshija-i-island/ Thu, 22 Jun 2023 14:00:30 +0000 https://derbi.mk/?p=340319

Женската репрезентација на Македонија продолжи да ниже победи во групата Б од Третата Европска зона од Били Џин Кинг Купот. Во четвртото коло нашите тенисерки го суредија Исланд со максимални 3-0. Магдалена Стоилковска го најави убедливиот триумф со славје над Ана Софија Гронхолм со 2-0 во сетови (61 60) за да потоа Лина Ѓорческа и […]

The post Тенисерките лесно го решија и Исланд appeared first on Дерби.

]]>

Женската репрезентација на Македонија продолжи да ниже победи во групата Б од Третата Европска зона од Били Џин Кинг Купот.

Во четвртото коло нашите тенисерки го суредија Исланд со максимални 3-0. Магдалена Стоилковска го најави убедливиот триумф со славје над Ана Софија Гронхолм со 2-0 во сетови (61 60) за да потоа Лина Ѓорческа и препушти два гејма на Софија Солеј Јонасдотир.

Со оглед на тоа што се беше јасно, во игра на двојки шанса добија Александра Симева и Ива Данева кои славеа над Ана Софија Гронхолм и Софија Солеј Јонасдотир со 6-3 и 6-3.

Ние имаме четири од четири, нареден ривал ни е селекцијата на Молдавија.

The post Тенисерките лесно го решија и Исланд appeared first on Дерби.

]]>
Били Џин Кинг куп: Македонските тенисерки го совладаа првиот носител Финска https://derbi.mk/bili-dzhin-king-kup-makedonskite-teniserki-go-sovladaa-prviot-nositel-finska/ Wed, 21 Jun 2023 18:05:12 +0000 https://derbi.mk/?p=340217

Македонската женска тениска репрезентација успешно го започна настапот во третата европска зона на Били Џин Кинг купот во Скопје, совладувајќи ја Финска која беше поставена како прв носител и фаворит за првото место во групата. Избраничките на селекторот Димитар Лабудовиќ не разочараа пред своите фанови на терените на ТК Југ и денеска остварија важна победа […]

The post Били Џин Кинг куп: Македонските тенисерки го совладаа првиот носител Финска appeared first on Дерби.

]]>

Македонската женска тениска репрезентација успешно го започна настапот во третата европска зона на Били Џин Кинг купот во Скопје, совладувајќи ја Финска која беше поставена како прв носител и фаворит за првото место во групата.

Избраничките на селекторот Димитар Лабудовиќ не разочараа пред своите фанови на терените на ТК Југ и денеска остварија важна победа со резултат 2:1, која е веќе трета во групната фаза.

Финските тенисерки имаа посакуван старт бидејќи Хиетаранта ја совлада Стоилковска со 2:0 во сетови, но нашата најдобра тенисерка Лина Ѓорческа славеше на вториот сингл меч, со што стана јасно дека резултатот во дубл ќе биде решавачки за победникот од дуелот.

Ѓорческа ја победи Куликова со 2:1 во сетови, во меч во кој мораше да прави пресврт, за подоцна заедно со Стоилковска да слават против Хиетаранта и Куликова со поубедливи 2:0 во сетови.

Противник на Македонија во утрешното четврто коло ќе биде Исланд.

The post Били Џин Кинг куп: Македонските тенисерки го совладаа првиот носител Финска appeared first on Дерби.

]]>
Тенисерките го преслушаа Азербејџан во Били Џин Кинг Kупот https://derbi.mk/teniserkite-go-preslushaa-azerbejdzhan-vo-bili-dzhin-king-kupot/ Tue, 20 Jun 2023 14:05:26 +0000 https://derbi.mk/?p=340067

Женската тениска репрезентација на Македонија забележа нов триумф во Третата Европска зона од Били Џин Кинг Купот што се игра во Скопје. По вчерашната победа над Албанија од 3-0, денеска со истиот резултат беше решена селекцијата на Азербејџан и тоа во дуели во кој не настапи нашиот најдобар рекет, Лина Ѓорческа. Првиот поен ни го […]

The post Тенисерките го преслушаа Азербејџан во Били Џин Кинг Kупот appeared first on Дерби.

]]>

Женската тениска репрезентација на Македонија забележа нов триумф во Третата Европска зона од Били Џин Кинг Купот што се игра во Скопје.

По вчерашната победа над Албанија од 3-0, денеска со истиот резултат беше решена селекцијата на Азербејџан и тоа во дуели во кој не настапи нашиот најдобар рекет, Лина Ѓорческа.

Првиот поен ни го донесе Александра Симева која славеше над Улвија Сулејманова со 2-0 во сетови (61 61). Потоа Магдалена Стоилковска ја реши Лала Еивазова со 2-0 за да во игра на двојки Ива Данева и Ана Митевска ги надиграт Лала Еивазова и Улвија Сулејманова со 2-0 во сетови (60 60) за 31 минута.

Утре имаме тежок тест, битка со првиот носител селекцијата на Финска.

The post Тенисерките го преслушаа Азербејџан во Били Џин Кинг Kупот appeared first on Дерби.

]]>
Тенисерките ќе играат во финалето на Били Џин Кинг Купот https://derbi.mk/teniserkite-kje-igraat-vo-finaleto-na-bili-dzhin-king-kupot/ Fri, 08 Jul 2022 10:45:19 +0000 https://derbi.mk/?p=293072 Женската тениска репрезентација на Македонија оствари триумф над Косово во полуфиналето на Били Џин Кинг Купот. Оваа победа значи дека нашиот национален тим ќе има можност да обезбеди пласман во повисок ранг на ова натпреварување ( втората Евроафриканска група), но за да се случи тоа ќе мора да го добијат подобриот од дуелот меѓу Португалија […]

The post Тенисерките ќе играат во финалето на Били Џин Кинг Купот appeared first on Дерби.

]]>
Женската тениска репрезентација на Македонија оствари триумф над Косово во полуфиналето на Били Џин Кинг Купот.

Оваа победа значи дека нашиот национален тим ќе има можност да обезбеди пласман во повисок ранг на ова натпреварување ( втората Евроафриканска група), но за да се случи тоа ќе мора да го добијат подобриот од дуелот меѓу Португалија и Република Ирска.

Инаку денешниот тим за Македонија го донесоа Магдалена Стоилоковска и Лина Ѓорчевска. Прво Стоилковска со 2-0 во сетови беше подобра од Доника Башота, додека потоа нашиот најдобар рекет Ѓорческа со 6-2 и 6-2 славеше над Адријана Лекај.

The post Тенисерките ќе играат во финалето на Били Џин Кинг Купот appeared first on Дерби.

]]>
Фед Куп: Македонските девојки се изборија за втора победа во Хелсинки https://derbi.mk/%d1%84%d0%b5%d0%b4-%d0%ba%d1%83%d0%bf-%d0%bc%d0%b0%d0%ba%d0%b5%d0%b4%d0%be%d0%bd%d1%81%d0%ba%d0%b8%d1%82%d0%b5-%d0%b4%d0%b5%d0%b2%d0%be%d1%98%d0%ba%d0%b8-%d1%81%d0%b5-%d0%b8%d0%b7%d0%b1%d0%be%d1%80/ Wed, 01 Jan 2020 23:54:12 +0000 https://derbi.dev02-vmvm.msp.sh/?p=793

Македонската експедиција во Хелсинки денеска успеа да ја запише втората победа во квалификациите во Фед Купот, откако најдобрите наши тенисерки успеаја да се опорават од поразите од Косово со сигурно славје против Алжир. Магдалена Стоилковска ја победи Инес Бекрар со 2:1 во сетови добивајќи го клучниот сет со 6:0, додека нашата најдобра тенисерка Лина Ѓорческа […]

The post Фед Куп: Македонските девојки се изборија за втора победа во Хелсинки appeared first on Дерби.

]]>

Македонската експедиција во Хелсинки денеска успеа да ја запише втората победа во квалификациите во Фед Купот, откако најдобрите наши тенисерки успеаја да се опорават од поразите од Косово со сигурно славје против Алжир.

Магдалена Стоилковска ја победи Инес Бекрар со 2:1 во сетови добивајќи го клучниот сет со 6:0, додека нашата најдобра тенисерка Лина Ѓорческа одново имаше рутинска задача, славејќи со 6:1 и 6:0 против Бужади. Во играта на двојки, двете македонски девојки беа фуриозни и славеа со 6:1 и 6:2, победувајќи со максимални 3:0 во пресметката со Алжир.

Ова беше втора победа за Македонките по онаа стартната против Конго, пред утрешната пресметка со тенисерките на Кипар.

The post Фед Куп: Македонските девојки се изборија за втора победа во Хелсинки appeared first on Дерби.

]]>
Фед Куп: Тенисерките не пронајдоа решение за Кипар https://derbi.mk/%d1%84%d0%b5%d0%b4-%d0%ba%d1%83%d0%bf-%d1%82%d0%b5%d0%bd%d0%b8%d1%81%d0%b5%d1%80%d0%ba%d0%b8%d1%82%d0%b5-%d0%bd%d0%b5-%d0%bf%d1%80%d0%be%d0%bd%d0%b0%d1%98%d0%b4%d0%be%d0%b0-%d1%80%d0%b5%d1%88%d0%b5/ Wed, 01 Jan 2020 23:53:09 +0000 https://derbi.dev02-vmvm.msp.sh/?p=790

Македонската женска тениска репрезентација со пораз од Кипар од 2-1 го заврши настапот во групата Б во третата Евро/африканска зона во Фед Купот, Магдалена Стоилковска и Лина Ѓорческа доживеаа порази од 2-0 во сингл пресметките со Елени Лоука и Ралука Сербан. Стоилковска освои само два гема против Лоука, додека пак нашиот најдобар рекет Ѓорческа со […]

The post Фед Куп: Тенисерките не пронајдоа решение за Кипар appeared first on Дерби.

]]>

Македонската женска тениска репрезентација со пораз од Кипар од 2-1 го заврши настапот во групата Б во третата Евро/африканска зона во Фед Купот,

Магдалена Стоилковска и Лина Ѓорческа доживеаа порази од 2-0 во сингл пресметките со Елени Лоука и Ралука Сербан. Стоилковска освои само два гема против Лоука, додека пак нашиот најдобар рекет Ѓорческа со 6-3 и 6-2 беше надиграна од Сербан.

Единствениот поен за нас го донесоа Ана Ристевска и Ана Симева кои во двојки ги добија Марија Константину и Флорентија Хаџигеоргиу со 6-2 и 6-2.

За нас сега останува борбата за петтото место во Хелсинки и тоа против Малта.

The post Фед Куп: Тенисерките не пронајдоа решение за Кипар appeared first on Дерби.

]]>
Македонија го освои петтото место на Фед Купот во Хелсинки https://derbi.mk/%d0%bc%d0%b0%d0%ba%d0%b5%d0%b4%d0%be%d0%bd%d0%b8%d1%98%d0%b0-%d0%b3%d0%be-%d0%be%d1%81%d0%b2%d0%be%d0%b8-%d0%bf%d0%b5%d1%82%d1%82%d0%be%d1%82%d0%be-%d0%bc%d0%b5%d1%81%d1%82%d0%be-%d0%bd%d0%b0-%d1%84/ Wed, 01 Jan 2020 23:52:13 +0000 https://derbi.dev02-vmvm.msp.sh/?p=787

Македонската женска тениска репрезентација ја победи Малта и го освои петтото место на Фед Купот во Хелсинки (Финска). Денеска шанса добија младите Ана Ристевска и Александра Симева, а тие возвратија со чисти победи од по 2-0 во сетови. Симева не загуби ниту еден гејм во пресметката со Криста Димеш (6-0, 6-0), додека пак Ристевска ја доби Маја […]

The post Македонија го освои петтото место на Фед Купот во Хелсинки appeared first on Дерби.

]]>

Македонската женска тениска репрезентација ја победи Малта и го освои петтото место на Фед Купот во Хелсинки (Финска).

Денеска шанса добија младите Ана Ристевска и Александра Симева, а тие возвратија со чисти победи од по 2-0 во сетови.

Симева не загуби ниту еден гејм во пресметката со Криста Димеш (6-0, 6-0), додека пак Ристевска ја доби Маја Глумац со 6-1 и 6-0.  Ова за талентираните Ана и Александра беа први победи во поединечна конкуренција во Фед Купот.

The post Македонија го освои петтото место на Фед Купот во Хелсинки appeared first on Дерби.

]]>