Дејвис куп Archives - Дерби https://derbi.mk/category/tenis/dejvis-kup/ Нема спорт без ДЕРБИ Sun, 26 Nov 2023 19:38:35 +0000 mk-MK hourly 1 https://derbi.mk/wp-content/uploads/2020/02/derbi-logo-fav-80x80.png Дејвис куп Archives - Дерби https://derbi.mk/category/tenis/dejvis-kup/ 32 32 Синер го растури Де Минор, Италија ја освои „салатарата“ после 47 години! (Видео) https://derbi.mk/siner-go-rasturi-de-minor-italija-ja-osvoi-salatarata-posle-47-godini-video/ Sun, 26 Nov 2023 19:38:35 +0000 https://derbi.mk/?p=361060

Завршната епизода во Дејвис Купот се одиграа оваа вечер во Малага, а како што можеше да се очекува, фаворизираната Италија успеа лесно да се справи со Австралија и да победи со 2:0. „Финалето пред финалето“ се одигра вчера и Италијанците со голема драма извојуваа победа над Србија, па така денеска задачата беше многу полесна за […]

The post Синер го растури Де Минор, Италија ја освои „салатарата“ после 47 години! (Видео) appeared first on Дерби.

]]>

Завршната епизода во Дејвис Купот се одиграа оваа вечер во Малага, а како што можеше да се очекува, фаворизираната Италија успеа лесно да се справи со Австралија и да победи со 2:0.

„Финалето пред финалето“ се одигра вчера и Италијанците со голема драма извојуваа победа над Србија, па така денеска задачата беше многу полесна за Јаник Синер и неговите колеги.

Младиот Арналди го донесе првиот поен за „аѕурите“ откако го доби Попирин со 2:1 во сетови, а завршниот удар го зададе најдобриот играч на Италијанците.

Синер игра во страшна форма, па откако вчера спасуваше три меч топки против Ѓоковиќ, денеска го декласираше Де Минор со 6:3 и 6:0 и донесе огромен успех за „аѕурите“.

За Италија ова е втора Дејвис Куп титула во историјата, па така тимот кој го предводи Воландри е првиот кој ќе ја подигне „салатарата“ по оној легендарниот од 1976-та година.

The post Синер го растури Де Минор, Италија ја освои „салатарата“ после 47 години! (Видео) appeared first on Дерби.

]]>
Синер доби уште една битка со Ѓоковиќ, Италија е вториот патник во финалето на Дејвис Купот (ВИДЕО) https://derbi.mk/siner-dobi-ushte-edna-bitka-so-gjokovikj-italija-e-vtoriot-patnik-vo-finaleto-na-dejvis-kupot-video/ Sat, 25 Nov 2023 19:24:48 +0000 https://derbi.mk/?p=360891 Репрезентацијата на Италија ќе ја предизвика Австралија во големото финале на Дејвид Купот, поточно на завршниот турнир што се игра во Малага. Италијанците успеаа да ја добијат битката со Србите со 2-1 и на тој начин да дојдат до првото финале во ова натпреварување уште од 1998 година. Миомир Кецмановиќ го донесе првиот бод на […]

The post Синер доби уште една битка со Ѓоковиќ, Италија е вториот патник во финалето на Дејвис Купот (ВИДЕО) appeared first on Дерби.

]]>
Репрезентацијата на Италија ќе ја предизвика Австралија во големото финале на Дејвид Купот, поточно на завршниот турнир што се игра во Малага.

Италијанците успеаа да ја добијат битката со Србите со 2-1 и на тој начин да дојдат до првото финале во ова натпреварување уште од 1998 година.

Миомир Кецмановиќ го донесе првиот бод на репрезентацијата на Србија по што многумина очекуваа Новак Ѓоковиќ да го реши Јаник Синер и ги одведе во борбата за пехарот. Ѓоковиќ имаше идеална можност за тоа, три меч топки, меѓутоа противникот се врати, го совлада и ја одведе оваа пресметка во трета рунда, натпреварот во двојки.

Синер спаси три меч топки и го победи Ѓоковиќ во Дејвис купот

Тука Синер и Соного беа подобри од Кецмановиќ и Ѓоковиќ со 6-3 и 6-4 и со тоа обезбедија конечна победа за „аѕурите“ кои утре одат на соочување со „кенгурите“.

The post Синер доби уште една битка со Ѓоковиќ, Италија е вториот патник во финалето на Дејвис Купот (ВИДЕО) appeared first on Дерби.

]]>
Синер спаси три меч топки и го победи Ѓоковиќ во Дејвис купот https://derbi.mk/siner-spasi-tri-mech-topki-i-go-pobedi-gjokovikj-vo-dejvis-kupot/ Sat, 25 Nov 2023 16:57:19 +0000 https://derbi.mk/?p=360866

Јаник Синер и Новак Ѓоковиќ продолжуваат со импресивната серија меѓусебни мечеви, а по ефектот од една победа и еден пораз на Мастерсот во Торино, денеска подобар повторно беше Италијанецот. Синер и Ѓоковиќ се сретнаа во полуфиналето на Дејвис купот, односно дуелот меѓу Италија и Србија, а Ѓоковиќ испушти сериозна предност во финишот и на крајот […]

The post Синер спаси три меч топки и го победи Ѓоковиќ во Дејвис купот appeared first on Дерби.

]]>

Јаник Синер и Новак Ѓоковиќ продолжуваат со импресивната серија меѓусебни мечеви, а по ефектот од една победа и еден пораз на Мастерсот во Торино, денеска подобар повторно беше Италијанецот.

Синер и Ѓоковиќ се сретнаа во полуфиналето на Дејвис купот, односно дуелот меѓу Италија и Србија, а Ѓоковиќ испушти сериозна предност во финишот и на крајот мораше да го прифати поразот.

Двајцата тенисери беа убедливи во еден од првите два сета, при што Синер поведе откако го доби првиот сет со 6:2, додека Ѓоковиќ возврати на ист начин во втората делница.

Во решавачкиот сет, Ѓоковиќ водеше со 5:4 и 40:0 и ретко кој можеше да претпостави дека српскиот тенисер може да дозволи целосен пресврт од противникот.

Синер се извлече на свој сервис и израмни, а веќе во следниот гејм направи брејк, кој го круниса со конечен резултат 7:5 во последниот сет.

Италија израмни во полуфиналето, па победникот ќе биде решен во дубл мечот.

The post Синер спаси три меч топки и го победи Ѓоковиќ во Дејвис купот appeared first on Дерби.

]]>
„Кенгурите“ не дозволија изненадување: Австралија е првиот финалист во Дејвис Купот (ВИДЕО) https://derbi.mk/kengurite-ne-dozvolija-iznenaduvanje-avstralija-e-prviot-finalist-vo-dejvis-kupot-video/ Fri, 24 Nov 2023 19:40:28 +0000 https://derbi.mk/?p=360729

Селекцијата на Австралија успеа да обезбеди пласман во големото финале на Дејвис Куп. Избраниците на легендарниот Лејтон Хјуит не дозволија изненадување и се справија со репрезентацијата на Финска и ќе се борат за пехарот во ова натпреварување. Првиот бод за „кенгурите“ им го донесе Алексеј Попирин кој славеше над Ото Виртанен со 7-6(5) 6-2. Првиот […]

The post „Кенгурите“ не дозволија изненадување: Австралија е првиот финалист во Дејвис Купот (ВИДЕО) appeared first on Дерби.

]]>

Селекцијата на Австралија успеа да обезбеди пласман во големото финале на Дејвис Куп.

Избраниците на легендарниот Лејтон Хјуит не дозволија изненадување и се справија со репрезентацијата на Финска и ќе се борат за пехарот во ова натпреварување.

Првиот бод за „кенгурите“ им го донесе Алексеј Попирин кој славеше над Ото Виртанен со 7-6(5) 6-2. Првиот сет беше неизвесен, беше решен во тај-брејкот со 7-5 за да вториот оди во еден правец, поточно Попирин ја комплетира започнатата работа.

Во вториот дуел Алекс Де Минор го надигра Емил Русувуори со 2-0 со 6-4 и 6-3, односно со ова ја потврди конечната победата на својата селекција која сега мирно ќе го чека победникот од дуелот Србија-Италија.

Австралија чека Дејвис Куп титула од 2003 година.

The post „Кенгурите“ не дозволија изненадување: Австралија е првиот финалист во Дејвис Купот (ВИДЕО) appeared first on Дерби.

]]>
Ѓоковиќ им се налути на британските фанови: Почитувајте ги играчите и замолчете! (Видео) https://derbi.mk/gjokovikj-im-se-naluti-na-britanskite-fanovi-pochituvajte-gi-igrachite-i-zamolchete-video/ Fri, 24 Nov 2023 12:50:26 +0000 https://derbi.mk/?p=360691

Новак Ѓоковиќ ја оствари посакуваната победа со која Србија ја победи репрезентацијата на Велика Британија во Дејвис купот, а имаше проблем и со бучните британски фанови. Истите се обидуваа да му пречат на светскиот рекет број еден во моментите кога сервираше, а на крајот пречеа и додека Ѓоковиќ го даваше вообичаеното интервју по мечот и […]

The post Ѓоковиќ им се налути на британските фанови: Почитувајте ги играчите и замолчете! (Видео) appeared first on Дерби.

]]>

Новак Ѓоковиќ ја оствари посакуваната победа со која Србија ја победи репрезентацијата на Велика Британија во Дејвис купот, а имаше проблем и со бучните британски фанови.

Истите се обидуваа да му пречат на светскиот рекет број еден во моментите кога сервираше, а на крајот пречеа и додека Ѓоковиќ го даваше вообичаеното интервју по мечот и победата над Нори.

Тоа го налути српскиот тенисер, па им се обрати директно додека говореше со микрофон.

– Научете како да ги почитувате играчите, научете како да ги почитувате луѓето.

– Замолчете, бидете тивки, одете си дома, – им порача Ѓоковиќ на фановите и дел од најгласните на трибината.

The post Ѓоковиќ им се налути на британските фанови: Почитувајте ги играчите и замолчете! (Видео) appeared first on Дерби.

]]>
Ѓоковиќ шокиран од срамните случувања во Малага: Ова ми се нема случено никогаш во кариерата, а 20 години сум во тенисот! https://derbi.mk/gjokovikj-shokiran-od-sramnite-sluchuvanja-vo-malaga-ova-mi-se-nema-slucheno-nikogash-vo-karierata-a-20-godini-sum-vo-tenisot/ Fri, 24 Nov 2023 06:57:41 +0000 https://derbi.mk/?p=360657

Србија го почна походот кон титулата на Дејвис Купот на посакуван начин и стартуваше со победа над Велика Британија, триумф со кој се пласираше во полуфиналната фаза на завршниот турнир. Новак Ѓоковиќ го освои клучниот втор поен за Србите откако во два сета беше подобар од Камерон Нори, но и и покрај сатисфакцијата која ја […]

The post Ѓоковиќ шокиран од срамните случувања во Малага: Ова ми се нема случено никогаш во кариерата, а 20 години сум во тенисот! appeared first on Дерби.

]]>

Србија го почна походот кон титулата на Дејвис Купот на посакуван начин и стартуваше со победа над Велика Британија, триумф со кој се пласираше во полуфиналната фаза на завршниот турнир.

Новак Ѓоковиќ го освои клучниот втор поен за Србите откако во два сета беше подобар од Камерон Нори, но и и покрај сатисфакцијата која ја имаше по крајот на мечот, Ноле се уште беше прилично бесен за тоа што му се случило пред да излезе на теренот.

Светскиот рекет број еден откри дека добил нестварно лош третман од луѓето од ВАДА, кои решиле да направат преседан и да му прават допинг тест пред мечот, со што му ја нарушиле стандардната рутина пред мечевите.

– Се уште не ја комплетирав целосната антидопинг контрола, треба да ми земат и крв. Имав кратка расправија со луѓето од антидопинг агенцијата. Не можев да верувам дека донесоа таква одлука. 20 години сум во тенисот и никогаш во мојата кариера не ми се случило ова. Никогаш не ми се случило да одам на контрола пред меч. Јас си имам своја рутина, не ми треба таква дистракција од мечот. Не ми треба вознемирување со давање крв и урина.

– Тоа беше нелогична ситуација и нелогична одлука. Поддржувам да се прават тестови, би направил сто пати, но откако ќе заврши мечот. Срамно е тоа што го направија, а уште поинтересно е тоа што и ВАДА е приватна агенција, можеби ние од тенисот треба да се погрижиме да имаме своја антидопинг агенција, а не да ни доаѓа некој од страна. Можеби ќе бидам погрешно сфатен, но ова беше невидено, треба да постојат некои граници. Се однесуваа како ништо да не разбираат, немаат поим што значи професионалниот спорт, – изјави нервозниот Ѓоковиќ.

The post Ѓоковиќ шокиран од срамните случувања во Малага: Ова ми се нема случено никогаш во кариерата, а 20 години сум во тенисот! appeared first on Дерби.

]]>
Ѓоковиќ донесе нов „поен“ и ја испрати Србија во полуфиналето на Дејвис Купот (ВИДЕО) https://derbi.mk/gjokovikj-donese-nov-poen-i-ja-isprati-srbija-vo-polufinaleto-na-dejvis-kupot-video/ Thu, 23 Nov 2023 22:03:01 +0000 https://derbi.mk/?p=360638

Селекцијата на Србија ќе биде ривал на Италија во полуфиналето на Дејвис Купот. Нашите северни соседи дојдоа до потребните поени со победите на Новак Ѓоковиќ и Миомир Кецмановиќ над Камерон Нори, поточно Џејк Дрејпер. Прво Кецмановиќ ја доби пресметката со Дрејпер со 2-0 во сетови и тоа откако беше на повисоко ниво во тај-брејковите кои […]

The post Ѓоковиќ донесе нов „поен“ и ја испрати Србија во полуфиналето на Дејвис Купот (ВИДЕО) appeared first on Дерби.

]]>

Селекцијата на Србија ќе биде ривал на Италија во полуфиналето на Дејвис Купот.

Нашите северни соседи дојдоа до потребните поени со победите на Новак Ѓоковиќ и Миомир Кецмановиќ над Камерон Нори, поточно Џејк Дрејпер. Прво Кецмановиќ ја доби пресметката со Дрејпер со 2-0 во сетови и тоа откако беше на повисоко ниво во тај-брејковите кои ги реализираше со 7-2 и 8-6.

Вечерва пак Новак рутински го реши Нори со 2-0 со 6-4 и 6-4, поточно во двата сета направи по еден брејк што беше доволно за славје и пласман во следната фаза.

Ова за првиот светски рекет беше 21 победа во низа (сингл) во Дејвис Купот.

Второто полуфинале е меѓу Австралија и Финска.

The post Ѓоковиќ донесе нов „поен“ и ја испрати Србија во полуфиналето на Дејвис Купот (ВИДЕО) appeared first on Дерби.

]]>
Ѓоковиќ и компанија со лудо ветување за Дејвис Купот: Ако победиме… https://derbi.mk/gjokovikj-i-kompanija-so-ludo-vetuvanje-za-dejvis-kupot-ako-pobedime/ Wed, 22 Nov 2023 20:05:23 +0000 https://derbi.mk/?p=360498 Србија предводена од најдобриот светски рекет, Новак Ѓоковиќ ќе се обиде да дојде до пехарот во Дејвис Купот. Нашите северни соседи за ривал во четвртфиналето на турнирот Ф8 во Малага ја имаат селекцијата на Велика Британија, а во пресрет на тој дуел Ѓоковиќ и компанија посочија што ќе направат ако на крајот дојдат до титулата, […]

The post Ѓоковиќ и компанија со лудо ветување за Дејвис Купот: Ако победиме… appeared first on Дерби.

]]>
Србија предводена од најдобриот светски рекет, Новак Ѓоковиќ ќе се обиде да дојде до пехарот во Дејвис Купот.

Нашите северни соседи за ривал во четвртфиналето на турнирот Ф8 во Малага ја имаат селекцијата на Велика Британија, а во пресрет на тој дуел Ѓоковиќ и компанија посочија што ќе направат ако на крајот дојдат до титулата, поточно ако се повтори успехот од 2010 година.

-Имаме неколку идеи, но се уште не сме се договориле. Одамна кажавме дека ќе скокаме од авион, имавме и некои други идеи, но еве момците велат дека дефинитивно изгледа ќе треба да скокаме од авион – изјави селекторот Виктор Троицки.

Ѓоковиќ потврди дека скокањето од авион е готова работа, спротивно мислење имаше Ласло Ѓере, но веднаш беше надгласен со пораката: „Жртвувајте се за тимот“.

The post Ѓоковиќ и компанија со лудо ветување за Дејвис Купот: Ако победиме… appeared first on Дерби.

]]>
Вавринка го „поздрави“ Пике: Благодарам што го уништивте Дејвис купот (Видео) https://derbi.mk/vavrinka-go-pozdravi-pike-blagodaram-shto-go-unishtivte-dejvis-kupot-video/ Fri, 15 Sep 2023 06:45:47 +0000 https://derbi.mk/?p=351189 Дејвис куп натпреварувањето претрпе целосна промена на форматот откако со него почна да менаџира компанијата зад која стоеше Жерард Пике, но голем број тенисери сметаат дека така се загубила магијата на специфичното натпреварување. Компанијата на Пике во меѓувреме ја заврши соработката со ИТФ, но и годинава се игра според истиот формат, кој води кон завршен […]

The post Вавринка го „поздрави“ Пике: Благодарам што го уништивте Дејвис купот (Видео) appeared first on Дерби.

]]>
Дејвис куп натпреварувањето претрпе целосна промена на форматот откако со него почна да менаџира компанијата зад која стоеше Жерард Пике, но голем број тенисери сметаат дека така се загубила магијата на специфичното натпреварување.

Компанијата на Пике во меѓувреме ја заврши соработката со ИТФ, но и годинава се игра според истиот формат, кој води кон завршен турнир во Малага.

Искусниот Станислас Вавринка ги брани боите на Швајцарија на турнирот кој се одржува во Манчестер, а оттаму испрати „поздрав“ до Пике и ИТФ, иронично заблагодарувајќи им се на атмосферата во салата каде се играат мечевите, а каде дуелите меѓу Франција и Швајцарија ги следеле минимален број гледачи.

Пике веднаш возвратил на твитот со статистика за минатата година, но Вавринка го потсетил дека проектот бил толку „успешен“ што ИТФ го раскинал 25-годишниот договор.

The post Вавринка го „поздрави“ Пике: Благодарам што го уништивте Дејвис купот (Видео) appeared first on Дерби.

]]>
Тиафо загуби Дејвис куп меч со казнен поен од судијата (Видео) https://derbi.mk/tiafo-zagubi-dejvis-kup-mech-so-kaznen-poen-od-sudijata-video/ Thu, 14 Sep 2023 21:20:06 +0000 https://derbi.mk/?p=351171 Френсис Тиафо го загуби мечот со Талон Грикспор во рамките на Дејвис куп пресметката меѓу САД и Холандија, а дуелот во Сплит беше одбележан со инцидентот на крајот на оваа пресметка. Грикспор имаше водство од 5:2 во тај-брејкот на решавачкиот сет и доби уште поен откако искористи челинџ, но Тиафо сметал дека поенот треба да […]

The post Тиафо загуби Дејвис куп меч со казнен поен од судијата (Видео) appeared first on Дерби.

]]>
Френсис Тиафо го загуби мечот со Талон Грикспор во рамките на Дејвис куп пресметката меѓу САД и Холандија, а дуелот во Сплит беше одбележан со инцидентот на крајот на оваа пресметка.

Грикспор имаше водство од 5:2 во тај-брејкот на решавачкиот сет и доби уште поен откако искористи челинџ, но Тиафо сметал дека поенот треба да биде преигран.

Американецот протестирал кај судијата на стол и останатите официјални лица тврдејќи дека одлуката за аут дошла пред тој да го зафати топчето, но неговите протести не вродија со плод.

Тој реагираше жестоко, кршејќи го рекетот од подлогата, па заслужено си доби втора опомена за неспортско однесување и казнен поен, со кој фактички холандскиот тенисер го затвори мечот со победа во тај-брејкот со 7:2.

– Бев многу емотивен, секогаш сакам да победам кога играм за репрезентацијата. Го скршив рекетот и заборавив дека имам опемена од претходно, па тоа беше крај, – изјавил Тиафо.

The post Тиафо загуби Дејвис куп меч со казнен поен од судијата (Видео) appeared first on Дерби.

]]>