Одбојка Archives - Дерби https://derbi.mk/category/sport-plus/odbojka/ Нема спорт без ДЕРБИ Sun, 24 Mar 2024 17:13:21 +0000 mk-MK hourly 1 https://derbi.mk/wp-content/uploads/2020/02/derbi-logo-fav-80x80.png Одбојка Archives - Дерби https://derbi.mk/category/sport-plus/odbojka/ 32 32 Штип УГД и Струмица ги освоија трофеите во Купот на Македонија https://derbi.mk/shtip-ugd-i-strumica-gi-osvoija-trofeite-vo-kupot-na-makedonija/ Sun, 24 Mar 2024 17:13:21 +0000 https://derbi.mk/?p=378581

Екипите на Штип УГД и Струмица за прв пат во нивните истории успеаа да ги освојат трофеите во Купот на Македонија. Одбојкарите на Штип УГД во еден супер и драматичен меч славеа над Струмица со 3:2 во сетови (22:25, 25:22, 19:25, 25:21, 15:13). Домаќините двапати беа во негатива, успеваа да израмнат во сетови за да […]

The post Штип УГД и Струмица ги освоија трофеите во Купот на Македонија appeared first on Дерби.

]]>

Екипите на Штип УГД и Струмица за прв пат во нивните истории успеаа да ги освојат трофеите во Купот на Македонија.

Одбојкарите на Штип УГД во еден супер и драматичен меч славеа над Струмица со 3:2 во сетови (22:25, 25:22, 19:25, 25:21, 15:13). Домаќините двапати беа во негатива, успеваа да израмнат во сетови за да во решавачкиот „период“ со 15:13 ја израдуваат публиката во салата „Јордан Мијалков“.

Најефикасен во финалето беше коректорот на на гостите Омхени со 28 поени, додека кај победникот во прв план беше Задмард со 26 поени.

Кај дамите пак Струмица беше доминантна во мечот со Јанта Волеј со 3-0 во сетови. Струмичанки славеа со 25:20, 25:12 и 25:14, најефикасна беше  Здјелар со 15 поени, Шкечиќ пак беше најголема поддршка со 12 освоени поени.

The post Штип УГД и Струмица ги освоија трофеите во Купот на Македонија appeared first on Дерби.

]]>
Одбојкарите и одбојкарките ги добија ривалите во квалификациите за ЕП https://derbi.mk/odbojkarite-i-odbojkarkite-gi-dobija-rivalite-vo-kvalifikaciite-za-ep/ Mon, 11 Mar 2024 18:12:29 +0000 https://derbi.mk/?p=376683

Македонските одбојкари и одбојкарките ги добија ривалите во квалификациите за Европските првенства кои се на програмата во 2026 година. Немаше ждрепка, односно ЦЕВ реши групите да ги формира според рејтингот, па така популарните „спартанци“ на патот до ЕП ќе ги одмерат силите со Грција и Грузија. Првиот меч ќе го одиграме на гостински терен против […]

The post Одбојкарите и одбојкарките ги добија ривалите во квалификациите за ЕП appeared first on Дерби.

]]>

Македонските одбојкари и одбојкарките ги добија ривалите во квалификациите за Европските првенства кои се на програмата во 2026 година.

Немаше ждрепка, односно ЦЕВ реши групите да ги формира според рејтингот, па така популарните „спартанци“ на патот до ЕП ќе ги одмерат силите со Грција и Грузија.

Првиот меч ќе го одиграме на гостински терен против Грузијците на 17-ти или 18-ти август, а неколку дена подоцна (24/25-ти август) ќе го пречекаме нашиот јужен сосед. Следните натпревари ги играме дури во 2025 година, на 13-ти август ќе и гостуваме на Грција за да 16-ти или на 17-ти и бидеме домаќин на Грузија.

Распоред:

Грузија – МАКЕДОНИЈА            (17/18-ти август 2024)

МАКЕДОНИЈА – Грција             (24/25-ти август 2024)

Грција – Грузија                         (28/29-ти август 2024)

Грузија – Грција                         (9/10-ти август 2025)

Грција – МАКЕДОНИЈА             (13-ти август 2025)

МАКЕДОНИЈА – Грузија            (16/17-ти август)

Дамите пак се најдоа во група со Грција и Австрија. Овој циклус ќе го отвориме и затвориме со Австрија, а меѓу ни се дуелите со Грција.

Распоред:

МАКЕДОНИЈА – Австрија         (17/18-ти август 2024)

Австрија – Грција                       (24/25-ти август 2024)

Грција – МАКЕДОНИЈА             (28/29-ти август 2024)

МАКЕДОНИЈА – Грција             (2-ри/3-ти август 2025)

Грција – Австрија                       (6-ти август 2025)

Австрија – МАКЕДОНИЈА          (9/10-ти август 2025)

The post Одбојкарите и одбојкарките ги добија ривалите во квалификациите за ЕП appeared first on Дерби.

]]>
Ѓоргиев лидер во новата победа на АЦХ Љубљана во Словенија https://derbi.mk/gjorgiev-lider-vo-novata-pobeda-na-ach-ljubljana-vo-slovenija/ Sat, 25 Nov 2023 22:59:08 +0000 https://derbi.mk/?p=360931

Екипата на АЦХ Волеј Љубљана немаше премногу одмор по мечот со Трентино во Лигата на шампионите, поточно мораше да го насочи вниманието кон домашниот шампионат каде издвојува сигурна победа во соочувањето со Триглав Крањ. Домаќините не дозволија никакво изненадување и со чисти 3-0 дојдоа до 9. славје во 10. натпревар. АЦХ Љубљана славеше со 25/19, […]

The post Ѓоргиев лидер во новата победа на АЦХ Љубљана во Словенија appeared first on Дерби.

]]>

Екипата на АЦХ Волеј Љубљана немаше премногу одмор по мечот со Трентино во Лигата на шампионите, поточно мораше да го насочи вниманието кон домашниот шампионат каде издвојува сигурна победа во соочувањето со Триглав Крањ.

Домаќините не дозволија никакво изненадување и со чисти 3-0 дојдоа до 9. славје во 10. натпревар. АЦХ Љубљана славеше со 25/19, 25/21 и 25/22, а најдобар поединец беше македонскиот репрезентативец, Никола Ѓоргиев.

Нашиот капитен се истакна со 17 поени, зад него беше Покершник со 11 поени. На спротивната страна се истакна Јовивиќ со 20 поени.

Со 27 бода Никола и компанија се на второто место на табелата.

The post Ѓоргиев лидер во новата победа на АЦХ Љубљана во Словенија appeared first on Дерби.

]]>
Ѓоргиев одличен во соочувањето со Трентино во ЛШ https://derbi.mk/gjorgiev-odlichen-vo-soochuvanjeto-so-trentino-vo-lsh/ Fri, 24 Nov 2023 06:07:41 +0000 https://derbi.mk/?p=360649

Екипата на АЦХ Волеј Љубљана за која настапува македонскиот репрезентативец, Никола Ѓоргиев му прижи силен отпор на Трентино во средбата од првото коло од групната фаза во Лигата на шампионите. Трентино е тим кој гази во италијанскиот шампионат во оваа сезона, има перфектни шест од шест и токму поради ова важеше за апсолутен фаворит против […]

The post Ѓоргиев одличен во соочувањето со Трентино во ЛШ appeared first on Дерби.

]]>

Екипата на АЦХ Волеј Љубљана за која настапува македонскиот репрезентативец, Никола Ѓоргиев му прижи силен отпор на Трентино во средбата од првото коло од групната фаза во Лигата на шампионите.

Трентино е тим кој гази во италијанскиот шампионат во оваа сезона, има перфектни шест од шест и токму поради ова важеше за апсолутен фаворит против најдобриот тим од Словенија, но мораше добро да се испоти за да дојде до посакуваниот резултат.

Домаќините тргнаа силовито и првиот сет го решија со 25:15, ама веќе во вториот Никола и компанија одговорија на најдобар можен начин со 25-20 и израмнување на 1-1 во сетови.

Одново Трентино покажа моќ и со 25-18 ја врати предноста за да во четвртиот сет имаме голема борба во која фаворитот со 26-24 дојде до третиот „поен“ и заокружување на оваа прва приказна во елитната конкуренција.

Рилицки со 28 поени беше најдобар кај победникот, додека Ѓоргиев и Покершник забележаа по 18 реализации на спротивната страна.

The post Ѓоргиев одличен во соочувањето со Трентино во ЛШ appeared first on Дерби.

]]>
Ѓоргиев лидер, АЦХ Љубљана со победа ја започна одбраната на титулата https://derbi.mk/gjorgiev-lider-ach-ljubljana-so-pobeda-ja-zapochna-odbranata-na-titulata/ Wed, 11 Oct 2023 21:55:48 +0000 https://derbi.mk/?p=354751

АЦХ Волеј Љубљана на македонскиот репрезентативец, Никола Ѓоргиев со победа над Крка ја отвори новата сезона во словечниот шампионат. Бранителот на пехарот славеше со 3-0 во сетови и тоа со 25/21, 25/18 и 27/25. Ако првите два сета беа рутунски, третиот беше вистински предизвик за Никола и колегите кои мораа добро да се потрудат, да […]

The post Ѓоргиев лидер, АЦХ Љубљана со победа ја започна одбраната на титулата appeared first on Дерби.

]]>

АЦХ Волеј Љубљана на македонскиот репрезентативец, Никола Ѓоргиев со победа над Крка ја отвори новата сезона во словечниот шампионат.

Бранителот на пехарот славеше со 3-0 во сетови и тоа со 25/21, 25/18 и 27/25. Ако првите два сета беа рутунски, третиот беше вистински предизвик за Никола и колегите кои мораа добро да се потрудат, да се испотат и на тој начин да го затворат натпреварот.

Нашиот ас беше лидер и со 12 поени беше најефикасен на теренот.

Наредниот лигашки предизвик за АЦХ Волеј Љубљана е против Триглав на 19 октомври.

The post Ѓоргиев лидер, АЦХ Љубљана со победа ја започна одбраната на титулата appeared first on Дерби.

]]>
Полска ја разби Италија и ја грабна европската титула https://derbi.mk/polska-ja-razbi-italija-i-ja-grabna-evropskata-titula/ Sun, 17 Sep 2023 06:00:48 +0000 https://derbi.mk/?p=351426

Селекцијата на Полска е победник на 33. одбојкарско Европско првенство, настан на кој Македонија беше еден од ко-домаќините заедно со Италија, Бугарија и Израел. Полјаците во големото финале го разбија досегашниот шампион Италија и тоа на негов терен во Рим. Избраниците на Никола Грбиќ беа доминатни и славеа со 3-0 во сетови. Гостите знаеја што […]

The post Полска ја разби Италија и ја грабна европската титула appeared first on Дерби.

]]>

Селекцијата на Полска е победник на 33. одбојкарско Европско првенство, настан на кој Македонија беше еден од ко-домаќините заедно со Италија, Бугарија и Израел.

Полјаците во големото финале го разбија досегашниот шампион Италија и тоа на негов терен во Рим. Избраниците на Никола Грбиќ беа доминатни и славеа со 3-0 во сетови. Гостите знаеја што сакаат на овој меч и со 25-20, 25-21 и 25-23 дојдоа до европското злато, прво по 2009 година.

Вилфредо Леон кој имаше 13 поени во финалето беше прогласен за МВП на турнирот.

Бронзениот медал пак заврши кај Словенија која по една драма беше подобра од Франција со 3-2 во сетови.

The post Полска ја разби Италија и ја грабна европската титула appeared first on Дерби.

]]>
Италија и Полска ќе се борат за златото на одбојкарското ЕП https://derbi.mk/italija-i-polska-kje-se-borat-za-zlatoto-na-odbojkarskoto-ep/ Thu, 14 Sep 2023 20:59:43 +0000 https://derbi.mk/?p=351174

Италија и Полска ги оправдаа фаворитските улоги на денешните полуфинални средби на Европското одбојкарско првенство и ќе бидат дел од завршниот натпревар во Рим. Полјаците први си обезбедија место во финалето, совладувајќи ја Словенија со 3:1 во сетови, во меч во кој противникот поведе, но подоцна се соочи со расположен противник. Словенците го добија првиот […]

The post Италија и Полска ќе се борат за златото на одбојкарското ЕП appeared first on Дерби.

]]>

Италија и Полска ги оправдаа фаворитските улоги на денешните полуфинални средби на Европското одбојкарско првенство и ќе бидат дел од завршниот натпревар во Рим.

Полјаците први си обезбедија место во финалето, совладувајќи ја Словенија со 3:1 во сетови, во меч во кој противникот поведе, но подоцна се соочи со расположен противник.

Словенците го добија првиот со 25:23, но Полска подоцна ги доби наредните три сета со 25:21, 25:20 и 25:21 за најмалку второ место на континенталното натпреварување.

Италија пред своите фанови немаше многу проблеми со Франција и без загубен сет го доби второто полуфинале, потврдувајќи дека во финалето ќе се сретнат селекциите против кои играше и нашата репрезентација во текот на ова ЕП.

25:21, 25:19 и 25: е резултатот по сетови во корист на „азурите“, со што репрезентацијата која ја елиминираше Македонија во осминафиналето, заслужено ќе се соочи со Полска во големото финале.

 

The post Италија и Полска ќе се борат за златото на одбојкарското ЕП appeared first on Дерби.

]]>
Топ 10 мајстории: Најубавите поени на Македонија на ЕП (ВИДЕО) https://derbi.mk/top-10-majstorii-najubavite-poeni-na-makedonija-na-ep-video/ Wed, 13 Sep 2023 05:07:04 +0000 https://derbi.mk/?p=350935

Македонската одбојкарска репрезентација го заврши настапот на Европското првенство, но овој шампионат донесе многу позитивни моменти за нас и испишување на историја со пласманот во осминафиналето. Две победи забележавме на турнирот кој пак го завршиме со осминафинале против моќната Италија во Бари каде одигравме еден рамноправен сет. Од оваа приказна на нашата селекција одбрани се […]

The post Топ 10 мајстории: Најубавите поени на Македонија на ЕП (ВИДЕО) appeared first on Дерби.

]]>

Македонската одбојкарска репрезентација го заврши настапот на Европското првенство, но овој шампионат донесе многу позитивни моменти за нас и испишување на историја со пласманот во осминафиналето.

Две победи забележавме на турнирот кој пак го завршиме со осминафинале против моќната Италија во Бари каде одигравме еден рамноправен сет.

Од оваа приказна на нашата селекција одбрани се најдобрите десет поени, па во продолжение уживајте во мајсториите во режија на Маџунков, Ѓоргиев, Милев, Љафтов и Деспотовски.

The post Топ 10 мајстории: Најубавите поени на Македонија на ЕП (ВИДЕО) appeared first on Дерби.

]]>
Македонските одбојкари биле гледани од над милион Италијанци во осминафиналето https://derbi.mk/makedonskite-odbojkari-bile-gledani-od-nad-milion-italijanci-vo-osminafinaleto/ Sun, 10 Sep 2023 15:30:05 +0000 https://derbi.mk/?p=350621

Македонската одбојкарска репрезентација играше со гордост и чест во своето прво осминафинале на Европските првенства, но судбината посака „спартанците“ да имаат најтежок можен испит. Светскиот шампион Италија е непосакуван ривал во секоја ситуација, но уште повеќе кога играат на домашен терен, па така македонските одбојкари едноставно немаа што да бараат на гостуваето во Бари. Италија […]

The post Македонските одбојкари биле гледани од над милион Италијанци во осминафиналето appeared first on Дерби.

]]>

Македонската одбојкарска репрезентација играше со гордост и чест во своето прво осминафинале на Европските првенства, но судбината посака „спартанците“ да имаат најтежок можен испит.

Светскиот шампион Италија е непосакуван ривал во секоја ситуација, но уште повеќе кога играат на домашен терен, па така македонските одбојкари едноставно немаа што да бараат на гостуваето во Бари.

Италија победи со сигурни 3:0 и единствено понеизвесно беше во првиот сет, во кој нашите репрезентативци покажаа дека неслучајно се најдоа меѓу 16-те најдобри селекции во Европа.

Македонија за првпат беше дел од еден вака елитен нокаут меч, кој донесе и атрактивни бројки кога е во прашање телевизискиот интерес во Италија.

Медиумите од Апенините откриваат дека одбојката е се популарна на „чизмата“, па така мечот меѓу Италија и Македонија го следеле 956 илјади приемници преку „Раи 2“, а уште 135 илјади преку „Скај Спорт“.

The post Македонските одбојкари биле гледани од над милион Италијанци во осминафиналето appeared first on Дерби.

]]>
Европскиот шампион е друга димензија: Одбојкарите загубија од Италија во осминафиналето во Бари https://derbi.mk/evropskiot-shampion-e-druga-dimenzija-odbojkarite-zagubija-od-italija-vo-osminafinaleto-vo-bari/ Sat, 09 Sep 2023 17:34:31 +0000 https://derbi.mk/?p=350506

Македонската одбојкарска репрезентација претрпе пораз од Италија од 3-0 во осминафиналето на Европското првенство. Уште пред натпреварот беше јасно дека „аѕурите“ како одбојкарска велесила и бранители на титулата се апсолутни фаворити на пресметката во Бари, а тоа го потврдија и на теренот. Нашиот национален тим има добар прв сет во кој му парираше на домаќинот, […]

The post Европскиот шампион е друга димензија: Одбојкарите загубија од Италија во осминафиналето во Бари appeared first on Дерби.

]]>

Македонската одбојкарска репрезентација претрпе пораз од Италија од 3-0 во осминафиналето на Европското првенство.

Уште пред натпреварот беше јасно дека „аѕурите“ како одбојкарска велесила и бранители на титулата се апсолутни фаворити на пресметката во Бари, а тоа го потврдија и на теренот.

Нашиот национален тим има добар прв сет во кој му парираше на домаќинот, поточно истиот заврши со 25-20. Во продолжението од дуелот Италијаните беа далеку подоминатни, го потврдија квалитетот и со 25-12, 25-15 обезбедија место во наредната фаза во која ги очекува дуел со подобриот од Холандија-Германија.

Со ова завршува приказната на избраниците на Миленкоски на овој континентален собир, ЕП на кое „спартанците“ испишаа историја и за прв пат го одведоа националниот состав во Топ 16, поточно меѓу најдобрите на стариот континент.

Љафтов со 10 и Ѓоргиев со 9 поени беа наши најдобри поединци во Бари.

The post Европскиот шампион е друга димензија: Одбојкарите загубија од Италија во осминафиналето во Бари appeared first on Дерби.

]]>