КОШАРКА Archives - Дерби https://derbi.mk/category/kosharka/ Нема спорт без ДЕРБИ Thu, 28 Mar 2024 15:26:40 +0000 mk-MK hourly 1 https://derbi.mk/wp-content/uploads/2020/02/derbi-logo-fav-80x80.png КОШАРКА Archives - Дерби https://derbi.mk/category/kosharka/ 32 32 Јокиќ забележа нов историски подвиг во НБА лигата (Видео) https://derbi.mk/jokikj-zabelezha-nov-istoriski-podvig-vo-nba-ligata-video/ Thu, 28 Mar 2024 10:35:05 +0000 https://derbi.mk/?p=379125

Никола Јокиќ остана пораток за еден скок од нов трипл-дабл во НБА лигата, но натпреварот против Феникс го искористи за да забележи нов историски подвиг во НБА лигата. Српскиот кошаркарски мајстор игра на неверрјатно ниво неколку сезони наназад и двапати ја доби МВП наградата, но од рано утрово е првиот кошаркар во историајта кој во […]

The post Јокиќ забележа нов историски подвиг во НБА лигата (Видео) appeared first on Дерби.

]]>

Никола Јокиќ остана пораток за еден скок од нов трипл-дабл во НБА лигата, но натпреварот против Феникс го искористи за да забележи нов историски подвиг во НБА лигата.

Српскиот кошаркарски мајстор игра на неверрјатно ниво неколку сезони наназад и двапати ја доби МВП наградата, но од рано утрово е првиот кошаркар во историајта кој во период од пет години ја надмина границата од 8 илјади поени, 4 илјади скокови и 3 илјади асистенции.

Претходно ова не му пошло од рака на ниту еден голем играч во историјата, па тоа доволно говори какви нови стандарди постави Јокиќ во најсилната кошаркарска лига во светот.

Во споменатиот период, Јокиќ двапати беше избран за МВП и лани неправедно остана без хет-трик, но затоа беше избран за МВП во финалето кое му припадна на неговиот Денвер.

Што се однесува до мечот кој рано утрово го играше против Феникс, Јокиќ запиша 22 поени, 9 скокови и 10 асистенции.

The post Јокиќ забележа нов историски подвиг во НБА лигата (Видео) appeared first on Дерби.

]]>
Дурент и Феникс го пронајдоа рецептот за победа над НБА шампионот (Видео) https://derbi.mk/durent-i-feniks-go-pronajdoa-receptot-za-pobeda-nad-nba-shampionot-video/ Thu, 28 Mar 2024 08:21:48 +0000 https://derbi.mk/?p=379106

Денер ја пронајде најдобрата форма во завршниот дел од регуларната сезона и се искачи на првото место на Западот, но тоа сега и не е така сигурно после утринскиот пораз. Феникс Санс се покажува како тим кој навистина може да му направи проблеми на НБА шампионот, бидејќи дружината на Кевин Дурент одново пронајде рецепт за […]

The post Дурент и Феникс го пронајдоа рецептот за победа над НБА шампионот (Видео) appeared first on Дерби.

]]>

Денер ја пронајде најдобрата форма во завршниот дел од регуларната сезона и се искачи на првото место на Западот, но тоа сега и не е така сигурно после утринскиот пораз.

Феникс Санс се покажува како тим кој навистина може да му направи проблеми на НБА шампионот, бидејќи дружината на Кевин Дурент одново пронајде рецепт за Денвер и оствари победа благодарение на својот лидер.

Дурантула блескаше како во своите најдобри денови и го водеше својот тим на гостувањето до победа од 97:104, а на крајот го заврши мечот со 30 поени, 13 скокови и 3 асистенции.

Добра помош имаше од Букер и Ален кои комбинираа 30 поени, додека на спротивната страна одново блескаше Никола Јокиќ и беше на чекор од трипл-дабл.

Српскиот кошаркар запиша 22 поени, 9 скокови и 10 асистенции, но тоа не се покажа како доволно за избегнување пораз, втор во низа од „сонцата“.

Останати НБА резултати:

Шарлот – Кливленд 118:111
Орландо – Голден стејт 93:101
Вашингтон – Бруклин 119:122
Атланта – Портланд 120:106
Филаделфија – ЛА Клиперс 107:108
Торонто – Њујорк 101:145
Чикаго – Индијана 125:99
Мемфис – ЛА Лејкерс 124:136
Минесота – Деторит 106:91
Оклахома – Хјустон 126:132
Јута – Сан Антонио 111:118

The post Дурент и Феникс го пронајдоа рецептот за победа над НБА шампионот (Видео) appeared first on Дерби.

]]>
Разиграниот Макаби ја суреди и Валенсија (ВИДЕО) https://derbi.mk/razigraniot-makabi-ja-suredi-i-valensija-video/ Wed, 27 Mar 2024 22:30:49 +0000 https://derbi.mk/?p=379077

Екипата на Макаби Тел Авив ја забележа шестата победа во низа во Евролигата и со тоа потврди дека се наоѓа во фантастична форма во завршницата на основниот дел на оваа кампања. Нова жртва на Израелците беше составот на Валенсија кој беше совладан со 90:85. Овој чекор за шпанскиот претставник е чекор назад во трката за […]

The post Разиграниот Макаби ја суреди и Валенсија (ВИДЕО) appeared first on Дерби.

]]>

Екипата на Макаби Тел Авив ја забележа шестата победа во низа во Евролигата и со тоа потврди дека се наоѓа во фантастична форма во завршницата на основниот дел на оваа кампања.

Нова жртва на Израелците беше составот на Валенсија кој беше совладан со 90:85. Овој чекор за шпанскиот претставник е чекор назад во трката за плејин фазата и ќе треба многу работи, резултати да му се поклопат за да избори место во Топ 10.

Макаби ги доби сите четири четвртини, Болдвин со 17 поени беше прв стрелец, Небо имаше учинок од 15 поени и 8 скока.

На другата страна Оџеле беше автор на 15 кошеви.

Останатите средби од 32. коло се играат утре и задутре.

The post Разиграниот Макаби ја суреди и Валенсија (ВИДЕО) appeared first on Дерби.

]]>
МЗТ и Пелистер остварија тешки победи против екипите кои се борат за опстанок https://derbi.mk/mzt-i-pelister-ostvarija-teshki-pobedi-protiv-ekipite-koi-se-borat-za-opstanok/ Wed, 27 Mar 2024 20:31:41 +0000 https://derbi.mk/?p=379061

МЗТ Скопје и Пелистер остварија тешки победи над Вардар и Навико Академија ФМП во последните два натпревари од 21. коло во Првата лига. Актуелниот шампион беше подобар од „црвено-црните“ со 86:78. Домаќините никако не успеваа да се одлепат, да направат посериозна разлика, односно гостите покажаа квалитет и убаво го испотија фаворитот за да дојде до […]

The post МЗТ и Пелистер остварија тешки победи против екипите кои се борат за опстанок appeared first on Дерби.

]]>

МЗТ Скопје и Пелистер остварија тешки победи над Вардар и Навико Академија ФМП во последните два натпревари од 21. коло во Првата лига.

Актуелниот шампион беше подобар од „црвено-црните“ со 86:78. Домаќините никако не успеваа да се одлепат, да направат посериозна разлика, односно гостите покажаа квалитет и убаво го испотија фаворитот за да дојде до посакуваната цел.

Ова за „штрковите“ беше 17. сезонско славје во кое Делалиќ и Ворку уфрлија по 16 поени, додека Бајрам за поразените уфрли 29 кошеви.

Пелистер пак имаше уште поголеми проблеми со Академија ФМП чиј отпор го скрши во завршните четири минути. Имено во овој дел се влезе со резултат 84:84, па „зелено-белите“ мораа да се „нагазат“, ја потврдат разликата во квалитетот за конечни на крајот 98:89.

Петмина играчи кај битолчани беа двоцифрени, далеку најдобар Маслинко со 31 поен. На другата страна Робертс имаше дабл-дабл од 31 поен и 11 асистенции.

The post МЗТ и Пелистер остварија тешки победи против екипите кои се борат за опстанок appeared first on Дерби.

]]>
Лука во елемент: Дончиќ му ја продаде најстарата финта на соиграч (ВИДЕО) https://derbi.mk/luka-vo-element-donchikj-mu-ja-prodade-najstarata-finta-na-soigrach-video/ Wed, 27 Mar 2024 20:00:35 +0000 https://derbi.mk/?p=379059

Далас Маверикс игра одлично во изминатиов период, има пет победни во низа и девет на последните десет натпревари во НБА лигата. Овие резултати, изданија дефинитино ја кренаа атмосферата кај клубот од Тексас, па така Лука Дончиќ кој е лидер на екипата се обидува дополнително да се поврзе со соиграчите, им продава финти како што беше […]

The post Лука во елемент: Дончиќ му ја продаде најстарата финта на соиграч (ВИДЕО) appeared first on Дерби.

]]>

Далас Маверикс игра одлично во изминатиов период, има пет победни во низа и девет на последните десет натпревари во НБА лигата.

Овие резултати, изданија дефинитино ја кренаа атмосферата кај клубот од Тексас, па така Лука Дончиќ кој е лидер на екипата се обидува дополнително да се поврзе со соиграчите, им продава финти како што беше случајот со Дерик Џоунс Џуниор.

Џоунс Џуниор падна на најлесниот тест, а најдобрата реакција во ситуацијата ја имаше првиот човек на Маверикс, Марк Кјубан кој слатко се изнасмеа.

The post Лука во елемент: Дончиќ му ја продаде најстарата финта на соиграч (ВИДЕО) appeared first on Дерби.

]]>
НБА Топ 5: Дејвис со моќна блокада го спаси Лејкерс од пораз (ВИДЕО) https://derbi.mk/nba-top-5-dejvis-so-mokjna-blokada-go-spasi-lejkers-od-poraz-video/ Wed, 27 Mar 2024 16:31:33 +0000 https://derbi.mk/?p=379014

Четири средби се одиграа во НБА лигата, средби на кои победи остварија Лос Анџелес Лејкерс, Голден Стејт Вориорс, Далас Маверикс и Оклахома Сити Тандер. Највозбудливо беше во Милвоки каде Бакс по две продолженија беа поразени од „езерџиите“ од Лос Анџелес со 128:124. Од таму ни доаѓа и потегот на денот кој е дело на Дејвис […]

The post НБА Топ 5: Дејвис со моќна блокада го спаси Лејкерс од пораз (ВИДЕО) appeared first on Дерби.

]]>

Четири средби се одиграа во НБА лигата, средби на кои победи остварија Лос Анџелес Лејкерс, Голден Стејт Вориорс, Далас Маверикс и Оклахома Сити Тандер.

Највозбудливо беше во Милвоки каде Бакс по две продолженија беа поразени од „езерџиите“ од Лос Анџелес со 128:124. Од таму ни доаѓа и потегот на денот кој е дело на Дејвис кој имаше брутална блокада над Лилард на крајот на првото полувреве, поточно го остави во игра својот тим кој пак потоа дојде и до победата.

The post НБА Топ 5: Дејвис со моќна блокада го спаси Лејкерс од пораз (ВИДЕО) appeared first on Дерби.

]]>
Дончиќ издвои два суперхерои во обид да го опише пеколниот тандем на Далас: Тој е Бетмен, а јас Робин (Видео) https://derbi.mk/donchikj-izdvoi-dva-superheroi-vo-obid-da-go-opishe-pekolniot-tandem-na-dalas-toj-e-betmen-a-jas-robin-video/ Wed, 27 Mar 2024 13:30:47 +0000 https://derbi.mk/?p=379000

Далас стигна до петта победа во низа во НБА лигата и воодушеви со изданието на гостувањето кај Сакраменто, а повторно во прв план се најдоа двете најголемите ѕвезди на Маверикс. Лука Дончиќ и Кајри Ирвинг се се подобар тандем од ден во ден и тоа го покажуваат бројките, па така рано утрово двајцата искомбинираа 52 […]

The post Дончиќ издвои два суперхерои во обид да го опише пеколниот тандем на Далас: Тој е Бетмен, а јас Робин (Видео) appeared first on Дерби.

]]>

Далас стигна до петта победа во низа во НБА лигата и воодушеви со изданието на гостувањето кај Сакраменто, а повторно во прв план се најдоа двете најголемите ѕвезди на Маверикс.

Лука Дончиќ и Кајри Ирвинг се се подобар тандем од ден во ден и тоа го покажуваат бројките, па така рано утрово двајцата искомбинираа 52 поени во победата од 96:132.

Фантастичната форма во која играат двајцата му помогна на Далас да дојде до плејоф местата и да мисли на избегнување на плејинот, нешто што го натера Лука да смисли оригинални прекари за себе и Кајри.

– Кајри е Бетмен, а јас сум Робин……

– Неверојатно е тоа што го имаме во нашиот тим. Тој е одлична личност, имаме извонреден однос и хемијата е навистина многу добра во овој момент, – изјави Дончиќ.

The post Дончиќ издвои два суперхерои во обид да го опише пеколниот тандем на Далас: Тој е Бетмен, а јас Робин (Видео) appeared first on Дерби.

]]>
Дончиќ и Ирвинг доминираа против Сакраменто, Дејвис направи голем подвиг без Леброн (Видео) https://derbi.mk/donchikj-i-irving-dominiraa-protiv-sakramento-dejvis-napravi-golem-podvig-bez-lebron-video/ Wed, 27 Mar 2024 07:52:32 +0000 https://derbi.mk/?p=378944

Далас игра се подобро во завршницата од регуларниот дел од сезоната и има само еден пораз на последните десет меча во НБА лигата, а петтата победа во низа пристигна ова утро. Маверикси ги разнесоа Кингси на гостински терен со 96:132 и издоминираа во секој можен поглед, па бруталната победа над Сакраменто дефинитивно ги зголемува апетитите […]

The post Дончиќ и Ирвинг доминираа против Сакраменто, Дејвис направи голем подвиг без Леброн (Видео) appeared first on Дерби.

]]>

Далас игра се подобро во завршницата од регуларниот дел од сезоната и има само еден пораз на последните десет меча во НБА лигата, а петтата победа во низа пристигна ова утро.

Маверикси ги разнесоа Кингси на гостински терен со 96:132 и издоминираа во секој можен поглед, па бруталната победа над Сакраменто дефинитивно ги зголемува апетитите кога е во прашање плејофот.

Со најновата победа, Далас е на 6-то место на Западот и во таква ситуација би го избегнал плејинот, а најзаслужни за страшната форма се Лука Дончиќ и Кајри Ирвинг кои почнаа извонредно да се согласуваат во последно време.

Ударниот двоец беше лидер во високата победа, но рано утрово им се придружи и Хардавеј кој го заврши мечот со 22 поени. Дончиќ беше најдобар поединец со 28 поени, 11 скокови и 6 асистенции, а Кајри запиша 24 поени, 3 скокови и 8 асистенции.

Од останатите натпревари, за издвојување е подвигот кој го направи Лос Анџелес Лејкерс, бидејќи „езерџиите“ го победија Милвоки без Леброн Џејмс со резултат 124:128.

Гостите се вратија од негатива од 19 поени во последната четвртина, а потоа после две продолженија беа подобри и славеа во меч во кој вистински лидер беше Ентони Дејвис со 34 поени, 23 скока и 2 асистенции

The post Дончиќ и Ирвинг доминираа против Сакраменто, Дејвис направи голем подвиг без Леброн (Видео) appeared first on Дерби.

]]>
Димитријевиќ повторно се најде во одбрано друштво во ВТБ лигата (ФОТО) https://derbi.mk/dimitrijevikj-povtorno-se-najde-vo-odbrano-drushtvo-vo-vtb-ligata-foto/ Wed, 27 Mar 2024 06:10:31 +0000 https://derbi.mk/?p=378911

Македонскиот репрезентативец, Ненад Димитријевиќ игра одлично во дресот на Уникс Казањ, а тие негови изданија му носат и признанија во ВТБ лигата. Плејмејкерот повторно се најде во одбрано друштво или поточно се избори за место во најдобрата петорка и тоа за периодот од 18 до 24 март. Димитријевиќ е на врвот на листата со неговите […]

The post Димитријевиќ повторно се најде во одбрано друштво во ВТБ лигата (ФОТО) appeared first on Дерби.

]]>

Македонскиот репрезентативец, Ненад Димитријевиќ игра одлично во дресот на Уникс Казањ, а тие негови изданија му носат и признанија во ВТБ лигата.

Плејмејкерот повторно се најде во одбрано друштво или поточно се избори за место во најдобрата петорка и тоа за периодот од 18 до 24 март.

Димитријевиќ е на врвот на листата со неговите 32 поени, 5 скока и 9 асистенции постигнати во дербито со Зенит. Покрај него тука се и Тајрел Нелсон, Окаро Вајт, Џерамаја Мартин и Александер Коменко.

The post Димитријевиќ повторно се најде во одбрано друштво во ВТБ лигата (ФОТО) appeared first on Дерби.

]]>
Шортс доминираше против Лондон и го приближи Париз до финалето на Еврокупот https://derbi.mk/shorts-dominirashe-protiv-london-i-go-priblizhi-pariz-do-finaleto-na-evrokupot/ Tue, 26 Mar 2024 22:21:33 +0000 https://derbi.mk/?p=378904

Кошаркарите на Париз обезбедија солидна предност од првиот полуфинален дуел во Еврокупот, победувајќи го тимот на Лондон Лајонс со 99:86 на домашен терен. Ти-Џеј Шортс повторно беше најдобар поединец на теренот и нерешлива енигма за противникот, а против Лондон уфрли 23 поени, заедно со 6 скокови, 7 асистенции и 3 украдени топки. Македонскиот репрезентативец одлично […]

The post Шортс доминираше против Лондон и го приближи Париз до финалето на Еврокупот appeared first on Дерби.

]]>

Кошаркарите на Париз обезбедија солидна предност од првиот полуфинален дуел во Еврокупот, победувајќи го тимот на Лондон Лајонс со 99:86 на домашен терен.

Ти-Џеј Шортс повторно беше најдобар поединец на теренот и нерешлива енигма за противникот, а против Лондон уфрли 23 поени, заедно со 6 скокови, 7 асистенции и 3 украдени топки.

Македонскиот репрезентативец одлично ги разигруваше и своите соиграчи, кои овозможија Париз да има солидна предност во пресрет на вториот натпревар, кој ќе се во Англија.

Ифи со 22 поени бил втор најдобар поединец во редовите на победничката екипа, додека кај Лондон, Енваба го завршил дуелот со 24 поени.

Лондон ќе биде домаќин на вториот дуел, додека евентуалната мајсторка би се играла во Франција.

Во вториот полуфинален дуел, вториот француски претставник, екипата на Бург, славеше против Бешикташ со 86:74.

The post Шортс доминираше против Лондон и го приближи Париз до финалето на Еврокупот appeared first on Дерби.

]]>