Италија Archives - Дерби https://derbi.mk/category/fudbal/italija/ Нема спорт без ДЕРБИ Thu, 28 Mar 2024 09:57:07 +0000 mk-MK hourly 1 https://derbi.mk/wp-content/uploads/2020/02/derbi-logo-fav-80x80.png Италија Archives - Дерби https://derbi.mk/category/fudbal/italija/ 32 32 Канаваро му се нуди на италијански великан: Би ги тренирал бесплатно https://derbi.mk/kanavaro-mu-se-nudi-na-italijanski-velikan-bi-gi-treniral-besplatno/ Thu, 28 Mar 2024 09:57:07 +0000 https://derbi.mk/?p=379116

Фабио Канаваро имаше доста предизвикувачки моменти во Кина и заглави во оваа земја додека владееше пандемијата со коронавирусот, но веќе цели две години е во родната Италија и чека вистинска понуда на маса. Легендарниот стопер е подготвен за следниот чекор во тренерската кариера и се надева дека брзо ќе пронајде ангажман, а ако се прашувал […]

The post Канаваро му се нуди на италијански великан: Би ги тренирал бесплатно appeared first on Дерби.

]]>

Фабио Канаваро имаше доста предизвикувачки моменти во Кина и заглави во оваа земја додека владееше пандемијата со коронавирусот, но веќе цели две години е во родната Италија и чека вистинска понуда на маса.

Легендарниот стопер е подготвен за следниот чекор во тренерската кариера и се надева дека брзо ќе пронајде ангажман, а ако се прашувал само тој, без проблеми би му подал рака на својот сакан Наполи.

Иако своите најдобри играчки денови ги имаше во Јувентус, Канаваро е роден наполитанец и навива за актуелниот италијански шампион, меѓутоа проблем за него претставува фактот што не беше ниту на пошироката листа од 50 тренерски имиња од кои бираше Аурелио Де Лаурентис минатото лесто.

– Сите ја знаете мојата љубов кон Наполи, би ги тренирал бесплатно. Сметам дека водењето на Наполи е сон за секој тренер кој потекнува од Неапол.

– Не знам зошто не бев на листата на Де Лаурентис, очигледно е дека многумина не го почитуваат тоа што го сработив во Кина. Јас сум тренер и собрав искуство, моја желба е да се вратам на работата. Во Италија сум две години и продолжувам да учам и студирам, сигурен сум дека сакам да се вратам како тренер, – потенцира Канаваро.

The post Канаваро му се нуди на италијански великан: Би ги тренирал бесплатно appeared first on Дерби.

]]>
Дилета Леота бара нов клуб за нејзиниот сакан: Нема директни летови до таму… https://derbi.mk/dileta-leota-bara-nov-klub-za-nejziniot-sakan-nema-direktni-letovi-do-tamu/ Wed, 27 Mar 2024 20:52:40 +0000 https://derbi.mk/?p=379063

Дилета Леота е една од најатрактивните италијански новинарки и презентерки и веќе неколку години често знае да биде во фокусот на јавноста и да изнудува воздишки од публиката на Апенините. Таа е во врска со голманот Лорис Кариус кој во моментов е дел од Њукасл, но кого најголемиот дел од фудбалските фанови го паметат по […]

The post Дилета Леота бара нов клуб за нејзиниот сакан: Нема директни летови до таму… appeared first on Дерби.

]]>

Дилета Леота е една од најатрактивните италијански новинарки и презентерки и веќе неколку години често знае да биде во фокусот на јавноста и да изнудува воздишки од публиката на Апенините.

Таа е во врска со голманот Лорис Кариус кој во моментов е дел од Њукасл, но кого најголемиот дел од фудбалските фанови го паметат по катастроланиот настап во дресот на Ливерпул во финалето против Реал Мадрид во Лигата на шампионите.

Италијанско-германскиот пар веќе има и детенце, па Леота отворено признава дека сака нејзиниот сакан да направи трансфер во некој клуб од „чизмата“.

-Лорис покрај себе има луѓе кои работат за него. Се надевам дека ќе го направи најдобриот избор за неговата кариера. Јас живеам во Милано и да речеме дека блиску до Милано во смисла на удобност би било идеално за нас.

-Монца или кој било друг тим во Италија. Би бил среќен кога би можел да дојде да игра во Италија и да биде блиску до неговото семејство. Њукасл е многу незгоден бидејќи нема директни летови. Ниту за Париз, ниту за Амстердам, -порача Дилета во интервјуто за „Тутоспорт“.

The post Дилета Леота бара нов клуб за нејзиниот сакан: Нема директни летови до таму… appeared first on Дерби.

]]>
Крај на етапата во Милан: Жиру го избрал новиот клуб и веќе постигнал договор за слободен трансфер https://derbi.mk/kraj-na-etapata-vo-milan-zhiru-go-izbral-noviot-klub-i-vekje-postignal-dogovor-za-sloboden-transfer/ Wed, 27 Mar 2024 07:38:36 +0000 https://derbi.mk/?p=378941

Оливие Жиру важи за фудбалски ветеран и полека ја привршува својата трета сезона во Милан, која повеќе од веројатно ќе биде и последна за него на „Сан Сиро“. Напаѓачот е француски репрезентативец и на 37-годишна возраст и се уште прави голема разлика во шеснаесетникот, но Милан е подготвен да фати нов правец со помлади фудбалери […]

The post Крај на етапата во Милан: Жиру го избрал новиот клуб и веќе постигнал договор за слободен трансфер appeared first on Дерби.

]]>

Оливие Жиру важи за фудбалски ветеран и полека ја привршува својата трета сезона во Милан, која повеќе од веројатно ќе биде и последна за него на „Сан Сиро“.

Напаѓачот е француски репрезентативец и на 37-годишна возраст и се уште прави голема разлика во шеснаесетникот, но Милан е подготвен да фати нов правец со помлади фудбалери и двете страни се согласни дека е време за ставање на крај на убавата соработка.

Жиру ја освои титулата во Серија А и беше многу важен дел од тимот на Пиоли во изминатите три години, по кои е решен да замине на атрактивно патување и да ја заврши кариерата во Америка.

Како што јавува угледниот „Атлетик“, а истовремено и уште неколку угледни италијански медиуми како „Газета“, Жиру веќе си договорил трансфер во МЛС лигата, или поточно во клубот за кој претходно играа Герет Бејл и Џорџо Кјелини.

Според информациите, Жиру постигнал преддоговор за 18-месечен договор со Лос Анџелес и истиот треба да се активира на 1-ви јули, денот кога Жиру и официјално станува слободен агент.

Жиру пристигна во Милан во 2021-ва година за само 3 милиони евра, а три години подоцна се покажува како супер аквизиција со своите 46 гола и 20 асистенции на 120 одиграни натпревари.

The post Крај на етапата во Милан: Жиру го избрал новиот клуб и веќе постигнал договор за слободен трансфер appeared first on Дерби.

]]>
Наполи со реакцијата за одлуката за Ачерби: Шокирани сме… https://derbi.mk/napoli-so-reakcijata-za-odlukata-za-acherbi-shokirani-sme/ Tue, 26 Mar 2024 18:37:28 +0000 https://derbi.mk/?p=378866

Франческо Ачерби помина без казна за обвинувањето дека упатил расистички навреди на сметка на Жуан Жезус од редовите на Наполи, па дефанзивецот на Интер ќе ја продолжи сезоната без никакви санкции од дисциплинската комисија. Жезус се пожали дека Ачерби го навредил на расна основа за време на дербито меѓу Интер и Наполи, но спортскиот суд […]

The post Наполи со реакцијата за одлуката за Ачерби: Шокирани сме… appeared first on Дерби.

]]>

Франческо Ачерби помина без казна за обвинувањето дека упатил расистички навреди на сметка на Жуан Жезус од редовите на Наполи, па дефанзивецот на Интер ќе ја продолжи сезоната без никакви санкции од дисциплинската комисија.

Жезус се пожали дека Ачерби го навредил на расна основа за време на дербито меѓу Интер и Наполи, но спортскиот суд истакна дека не пронашол докази за ваквите наводи и го ослободи искусниот фудбалер од секаква одговорност.

Очекувано, стигна жестока реакција од таборот на Наполи, каде со соопштение изразија зачуденост од дел од наводите во соопштението и од самата одлука.

– Ачерби не доби казна, па на крајот виновник ќе излезе Жезус затоа што некоректно го обвинил својот колега. Неверојатно е некој да поверува дека тој погрешно го слушнал.

– Шокирани сме бидејќи во пресудата се елиминирани сите докази, а фудбалерот на Интер не е санкциониран иако и самиот призна дека му се заканувал на противникот.

– Шокирани сме и Наполи во иднина нема да биде дел од вештачките иницијативи против расизмот и дискриминацијата, туку ќе спроведува свои кампањи со посебна посветеност, – велат од актуелниот италијански шампион.

Наполи преку социјалните мрежи ја објави и фотографијата која претходно беше споделена од Жезус, а чија порака е во корист на борбата против расизмот.

The post Наполи со реакцијата за одлуката за Ачерби: Шокирани сме… appeared first on Дерби.

]]>
Ачерби ја дозна одлуката на спортскиот суд за обвинението за расизам на дербито со Наполи https://derbi.mk/acherbi-ja-dozna-odlukata-na-sportskiot-sud-za-obvinenieto-za-rasizam-na-derbito-so-napoli/ Tue, 26 Mar 2024 15:59:53 +0000 https://derbi.mk/?p=378840

Дефанзивецот на Интер, Франческо Ачерби нема да добие суспензија за обвинувањето дека расистички навредувал фудбалер на Наполи на последното соочување на овие две екипи во Серија А. Ветеранот беше обвинет од страна на Жуан Жезус дека му упатил навреди на расистичка основа за време на натпреварот, а долгата истрага на дисциплинската комисија заврши без санкции […]

The post Ачерби ја дозна одлуката на спортскиот суд за обвинението за расизам на дербито со Наполи appeared first on Дерби.

]]>

Дефанзивецот на Интер, Франческо Ачерби нема да добие суспензија за обвинувањето дека расистички навредувал фудбалер на Наполи на последното соочување на овие две екипи во Серија А.

Ветеранот беше обвинет од страна на Жуан Жезус дека му упатил навреди на расистичка основа за време на натпреварот, а долгата истрага на дисциплинската комисија заврши без санкции за членот на актуелниот лидер во првенството.

Во објаснувањето на одлуката, одговорното тело, односно спортскиот суд, тврди дека не биле пронајдени докази дека Ачерби ги испратил спорните термини на сметка на дефанзивецот на Наполи, односно дека само Жезус слушнал такво нешто за време на натпреварот.

Ставот на Ачерби дека никогаш не кажал такви зборови на теренот, но целиот процес го натера селекторот Лучијано Спалети да го ослободи од обврските кон националниот тим за веќе одиграните пријателски средби.

Останува да се проследи и реакцијата од Жезус и Наполи на ваквата одлука на одговорната комисија, додека Ачерби може да се подготвува за следниот натпревар на Интер бидејќи избегна строга казна, која можеше да значи и суспензија на десет натпревари.

The post Ачерби ја дозна одлуката на спортскиот суд за обвинението за расизам на дербито со Наполи appeared first on Дерби.

]]>
Ѕаниоло подготвен за заминување од Астон Вила: Не би потпишал само за еден италијански клуб https://derbi.mk/dzaniolo-podgotven-za-zaminuvanje-od-aston-vila-ne-bi-potpishal-samo-za-eden-italijanski-klub/ Tue, 26 Mar 2024 15:32:37 +0000 https://derbi.mk/?p=378832

Кариерата на Николо Ѕаниоло доби навистина чуден правец откако офанзивниот фудбалер ја санираше тешката повреда на коленото, или поточно од денот кога посака да си замине од Рома. Италијанскиот репрезентативец ги натера водечките луѓе да го продадат минатата година во јануарскиот преоден рок, но шест месеци по авантурата во Галатасарај, во текот на летото одново […]

The post Ѕаниоло подготвен за заминување од Астон Вила: Не би потпишал само за еден италијански клуб appeared first on Дерби.

]]>

Кариерата на Николо Ѕаниоло доби навистина чуден правец откако офанзивниот фудбалер ја санираше тешката повреда на коленото, или поточно од денот кога посака да си замине од Рома.

Италијанскиот репрезентативец ги натера водечките луѓе да го продадат минатата година во јануарскиот преоден рок, но шест месеци по авантурата во Галатасарај, во текот на летото одново направи трансфер.

Иако имаше неколку добри месеци во Турција, Ѕаниоло го прифати повикот од Премиер лигата и се пресели во Астон Вила, клуб во кој сепак не ги исполни очекувањата и најчесто е резерва во ротацијата на Унаи Емери.

Ѕаниоло е свесен дека неговиот престој во Англија нема да трае уште долго, а во интервјуто за „Газета“ не крие дека многу му недостасува родната земја и играњето фудбал во Италија.

– Многу ми недостасува Италија и италијанскиот фудбал. Ми недостасува семејството, моите пријатели, мојот син. Клубовите се тие кои ќе ја одредат мојата судбина. Јас му припаѓам на Галатасарај, но уште еднаш сакам да му се заблагодарам на Мончи што ми укажа шанса и во Астон Вила, откако претходно тој ме доведе во Рома.

– Трансфер во Милан? Којзнае што носи иднината…… Јас од мојот агент барам да ме информира кога има само нешто конкретно. Лично гледано, незамисливо би било да завршам само во еден италијански клуб, а тоа е Лацио. Рома има големо значење за мене и не би потпишал за „бјанкочелестите“, – вели Ѕаниоло кој постигна два гола на 20 натпревари во Премиер лигата.

– Сметам дека заслужува многу повеќе шанси во Астон Вила, но имам само добри зборови за Емери. Сметам дека Унаи е еден од најдобрите тренери во светот, го ставам на исто скалило со Гваррдиола, Клоп или Мурињо. Тој ме тера да напредувам во секој аспект, – додава Николо.

The post Ѕаниоло подготвен за заминување од Астон Вила: Не би потпишал само за еден италијански клуб appeared first on Дерби.

]]>
Гендузи: Сари ме шокираше, не треба да заборавиме што направи https://derbi.mk/genduzi-sari-me-shokirashe-ne-treba-da-zaboravime-shto-napravi/ Tue, 26 Mar 2024 09:03:09 +0000 https://derbi.mk/?p=378794

Матео Гендузи повторно игра во најдобра форма и најзаслужен за тоа е Маурицио Сари, тренерот кој му помогна да ја врати самодовербата, но и да добие место во националниот тин на Дидие Дешамп. Играчот за врска има 24 години и пред него се уште многу сезони врвен фудбал, а фактот што се чувствува комотно и […]

The post Гендузи: Сари ме шокираше, не треба да заборавиме што направи appeared first on Дерби.

]]>

Матео Гендузи повторно игра во најдобра форма и најзаслужен за тоа е Маурицио Сари, тренерот кој му помогна да ја врати самодовербата, но и да добие место во националниот тин на Дидие Дешамп.

Играчот за врска има 24 години и пред него се уште многу сезони врвен фудбал, а фактот што се чувствува комотно и среќно во Лацио дефинитивно се одразува врз неговите изданија на теренот.

Гендузи во иднина ќе соработува со Игор Тудор и ќе мора да се привикне на строгите методи кои ги практикува Хрватот, но од друга страна, вели дека вечно ќе му биде благодарен на неговиот претходник.

– Бев нависитна изненаден и шокиран од одлуката на Сари. Никој не очекуваше дека ќе си замине. Сепак, не треба да заборавиме што направи за нас и за клубот. Го однесе Лацио до второто место минатата сезона во Серија А, не однесе во осминафиналето во Лигата на шампионите и во полуфиналето на Копа Италија.

– Ние како играчи, мора да ја почитуваме неговата одлука, преферираше да преземе чекор назад со цел да му помогне на тимот. Сари е фантастичен тренер, тренер кој има високи баррања како Емери, Артета, Сампаоли или Тудор. Многу ми помогна на тактичко ниво во Лацио. Пред да соработувам со него, не бев доволно дисциплинран, а сега сум даелку подобро позициониран и не трошам енергија на непотребни работи, – вели Гендузи во интервјуто за „Ле Паризен“.

The post Гендузи: Сари ме шокираше, не треба да заборавиме што направи appeared first on Дерби.

]]>
Претседателот на Лацио во акција: Лотито сака му го уништи планот на Јувентус https://derbi.mk/pretsedatelot-na-lacio-vo-akcija-lotito-saka-mu-go-unishti-planot-na-juventus/ Mon, 25 Mar 2024 21:35:34 +0000 https://derbi.mk/?p=378755

Лацио има турбулетна сезона и многу работи ќе зависат од тоа како истата ќе ја заврши со оглед на тоа што екипата доби и нов тренер во името на Игор Тудор. Лацијалите ќе се обидат да изборат место во Европа затоа што ако тоа не биде направено тоа може да биде огромен проблем од финансиски […]

The post Претседателот на Лацио во акција: Лотито сака му го уништи планот на Јувентус appeared first on Дерби.

]]>

Лацио има турбулетна сезона и многу работи ќе зависат од тоа како истата ќе ја заврши со оглед на тоа што екипата доби и нов тренер во името на Игор Тудор.

Лацијалите ќе се обидат да изборат место во Европа затоа што ако тоа не биде направено тоа може да биде огромен проблем од финансиски аспект, поточно може да значи заминување, продажба на играчите кои се важни.

Во исто време клубот од Рим ќе се обиде во последен момент да спречи заминување на Фелипе Андерсон на кого договорот му завршува за неколку месеци. Јувентус ја користи оваа ситуација и веќе води интензивни разговори за негов ангажман, но се уште ништо не е готово и ова ќе се обиде да го искористи претседателот Клаудио Лотито кој направи последен обид да го задржи офанзивецот на „Олимпико“.

„Кориере Дело Спорт“ пренесува дека Лотито е во контакт со Јулијана Гомеш, сестра и агент на Фелипе, па ќе се обиде преку нов состанок да донесе пресврт во ситуацијата.

Овој медиум тврди дека Бразилецот побарал плата од 3,5 милиони евра годишно која Лотито може да ја израмни со додатоци, бонуси. Според информациите, разликата меѓу понудата на Лацио и барањето на фудбалерот е околу 1 милион евра по сезона, но мора да се разговара и за должината на новиот договор.

The post Претседателот на Лацио во акција: Лотито сака му го уништи планот на Јувентус appeared first on Дерби.

]]>
Лотито го „поздрави“ Сари и посочи: Тудор знае да примени и стап! https://derbi.mk/lotito-go-pozdravi-sari-i-posochi-tudor-znae-da-primeni-i-stap/ Mon, 25 Mar 2024 12:32:36 +0000 https://derbi.mk/?p=378691

Игор Тудор се истакна како необично строг тренер во редовите на Олимпик Марсеј и тоа им донесе проблеми на дел од фудбалерите од првиот тим, но Клаудио Лотито смета дека е потребна токму „цврста рака“ за да се решат проблемите кои настанаа во Лацио во последно време. Маурицио Сари бараше низа изговори во последните неколку […]

The post Лотито го „поздрави“ Сари и посочи: Тудор знае да примени и стап! appeared first on Дерби.

]]>

Игор Тудор се истакна како необично строг тренер во редовите на Олимпик Марсеј и тоа им донесе проблеми на дел од фудбалерите од првиот тим, но Клаудио Лотито смета дека е потребна токму „цврста рака“ за да се решат проблемите кои настанаа во Лацио во последно време.

Маурицио Сари бараше низа изговори во последните неколку месеци и потенцираше дека Лацио нема тим кој може да се бори на повеќе фронта, а овие негови изјави сега наидоа на негодување од страна на претседателот.

Иако Лотито му даваше безрезервна поддршка на Сари до последен момент, сега го промени ставот и заклучил дека погрешил после тоа што го видел во очите и излагањето на Тудор.

– Не беше планирано да имаме нов тренер, но ургентната ситуација ме натера да направам брз избор. После неколку дена, убеден сум дека го направив вистинскиот избор. Потпишав тренер кој знае штп прави, човек кој презема одговорност и кој знае како да примени и стап, нешто што мислам дека е потребно и важно во фудбалот.

– Тудор може да донесе глад, ни недостасуваше такво нешто. Ќе донесе и гордост и одговорност, може да му помогне на тимот да ја врати самодовербата која ја имаше. Се препознав себеси во Тудор, најлесно е да барате алиби како некои други, сметам дека тоа е погрешно (алудирајќи на Сари). Така се испраќа погрешен сигнал до тимот, а нас ни е потребно играчите да бидат во најдобра форма за игра, на физички, но и психолошки план, – вели Лотито.

The post Лотито го „поздрави“ Сари и посочи: Тудор знае да примени и стап! appeared first on Дерби.

]]>
Барела за променетиот систем од Спалети: Ова е нова Италија https://derbi.mk/barela-za-promenetiot-sistem-od-spaleti-ova-e-nova-italija/ Mon, 25 Mar 2024 10:00:00 +0000 https://derbi.mk/?p=378671

Николо Барела постигна мангупски гол во судиското продолжение и ја потврди победата на Италија над Еквадор на натпреварот кој се играше во Америка, по што и дефинитивно мини-турнејата на „аѕурите“ излезе максимално позитивна. Италијанците забележаа две победи во САД и со позитивни вибрации се враќаат во родната земја, а Лучијано Спалети на овие два меча […]

The post Барела за променетиот систем од Спалети: Ова е нова Италија appeared first on Дерби.

]]>

Николо Барела постигна мангупски гол во судиското продолжение и ја потврди победата на Италија над Еквадор на натпреварот кој се играше во Америка, по што и дефинитивно мини-турнејата на „аѕурите“ излезе максимално позитивна.

Италијанците забележаа две победи во САД и со позитивни вибрации се враќаат во родната земја, а Лучијано Спалети на овие два меча тестираше и нова формација, односно системот кој планира да го практикува на Европското првенство.

Спалети се откажа од традиционалниот 4-3-3 на Роберто Манчини и воведе систем 3-4-2-1, па фудбалерите веруваат дека ќе бидат уште подобри како што ќе одминува времето.

– Системот е една работа, но сите гледаме на ова како нов старт. Ова е нова Италија, почнуваме да се адаптираме на она што тренерот го бара од нас.

– Се подобрваме од натпревар во наптревар, но свесни сме дека има уште доста за работа до Европското првенство. Креираме добра група со извонредни играчи и секој е подготвен да го даде максимумот, – вели Барела кој ја носеше капитенската лента за првпат во репрезентативната кариера.

The post Барела за променетиот систем од Спалети: Ова е нова Италија appeared first on Дерби.

]]>