Братот на Венгер откри во каква ситуација се наоѓа тренерот на Арсенал

venger

Иднината на Арсен Венгер во Арсенал ќе биде решена наскоро и неговиот брат Гај е загрижен.

Гај Венгер (71) го гледал убедливиот пораз на Арсенал од Баерн во Лигата на шампиони на телевизија во својот дом во североисточна Франција и не е убеден дека неговиот помлад брат ќе остане уште долго на клупата на „топчиите“.

– Жал ми е за Арсен. Неговата ситуација не е добра. Но, тоа е негов проблем, не мој. Не верувам дека Арсенал може да се врати по поразот во Минхен – изјаво Гај за англиските медиуми.

Постариот брат на Арсен има бизнис со автоделови во Франција и двајцата браќа редовно се гледаат и трчаат во локалната шума секогаш кога имаат можност.

 

Facebook Коментари