Барди со ремек-дело го поздрави и Елче, шпанските коментатори воодушевени од Македонецот (Видео)

bardi-elce

Енис Барди прераснува во голема ѕвезда во својот нов клуб, а дека секое присуство на македонскиот репрезентативец во тимот на Леванте не минува незабележително добивме потврда и оваа вечер.

Офанзивниот играч за врска уште еднаш демонстрираше дека е вистиски специјалист за слободни удари, па така со третиот пресезонски гол од ваков тип ги фрли во делириум и двајцата шпански коментатори кои го пренесуваа пријателискиот меч со Елче.

Барди го постигна голот за 2:0 со кој беше решено прашањето околу победникот, а првиот беше дело на Лопез.

Facebook Коментари