Акција од која застанува здивот: 70-метарскиот слалом на Алиоски го најави ремек-делотo на Лидс (Видео)

alioski-leeds-port

Езџан Алиоски имаше фантастично деби во Чемпионшип лигата зачинето со одлична игра и една асистенција, а македонскиот репрезентативец продолжи во тој стил и на првиот меч кој го одигра во ЕФЛ купот.

Алиоски доби шанса во вториот дел од мечот меѓу Лидс и Порт Вејл при резултат 1:1, а по неговото влегување, тимот од втората англиска лига заигра многу подобро и славеше со 4:1 на крајот. Токму од неговите нозе пристигна и најатрактивната акција на споменатиот меч, кога претрча неверојатни 70 метри пред да асистира до својот соиграч Екубан кој го постави конечниот резултат.

Комплетната акција погледнете ја во продолжение…

Facebook Коментари