Агуеро се погрижи за мирен старт на Пеп и прва победа на Сити во новата сезона (Видео)

kun-brajton

Манчестер Сити одигра онолку колку што треба за да стигне до првата победа во новата премиерлигашка сезона, откако оваа вечер пронајде решение за новајлијата Брајтон кој мора да се напомене дека доста долго оддолеваше на притисокот на фаворитот.

Сити беше подобар тим во целиот тек на мечот, но клучната разлика ја направи на 20 минути пред крајот кога одбраната на домаќините капитулираше по една комбинација на Давид Силва и Кун Агуеро. Шпанецот во свој препознатлив стил го проигра Агуеро на прва, а Аргентинецот со својот првенец во новата сезона му донесе водство на својот тим. Пет минути подоцна, точка на мечот беше ставена откако Данк доста несмасно ја затресе својата мрежа, па на тој начин им ја олесни работата на гостите кои до крајот немаа потешкотии да ја задржат прердноста и да стигнат до првите три бода во сезоната.

Facebook Коментари