Адвокатите на Перо Антиќ бараат за неговиот случај да одлучува порота

antic

Перо Антиќ не успеа да го добие судскиот процес против градот Њујорк од кого бараше финансиска отштета поради незаконско апсење во април, 2015 година, но неговите адвокати веќе поднеле жалба за одлуката на судијата Џес Фурман.

Њујоршката полиција го приведе македонскиот кошаркар заедно со неговиот тогашен клупски колега Табо Сефолоша, кој при апсењето заработи и скршеница, за подоцна да добие 4 милиони долари по направената спогодба со градот. Во одлуката за случајот со Антиќ, судијата Фурман проценил дека полицајците имале право да го уапсат, а и не постоеле докази дека употребиле прекумерна сила при приведувањето на Македонецот кој бараше отштета од 25 милиони долари.

Адвокатскиот тим на Антиќ официјално поднесе жалба на првостепената одлука, тврдејќи дека судијата не го земал предвид најважниот доказ во случајот и бараат тој да се повлече и да дозволи одлуката да биде донесена од порота.

Facebook Коментари