Адеми по првиот тренинг: Немам зборови, ветувам ќе ја вратиме титулата во Загреб (Видео)

ademi

Македонскиот репрезентативец, Аријан Адеми го одработи првиот тренинг со Динамо Загреб по пауза од две години, тренинг кој го испратија навивачите, пријателите и челниците на клубот.

Соиграчите го поздравија со таканаречениот шпалир, доби аплаузи од присутните, по што го одработи тренингот по кој изјави.

-Беше доста тешко се изморив. Долго нема тренирано со екипата , ама среќен сум и драго ми е што вака сум изморен. Ова е голема среќа, јас сум најсреќниот човек. Немам зборови, големо благодарам до навивачите и управата на клубот, фала на сите што дојдовте во овој број. Секоја чест. Ветувам ќе ја вратиме титулата во Загреб, -истакна Адами кој во новата сезона ќе го носи дресот со број пет.

Facebook Коментари